Ковачевски за случајот Онкологија: Секој криминал има име и презиме


Премиерот Димитар Ковачевски денска изјави дека ја поддржува акцијата која што ја спроведува МВР и Обвинителството за расчистување на случајот Онкологија по објавените информации за злоупотреба и преподажба на скапа терапија за малигно болните, како и дека нема да има било какви интервенции во однос на заштита на било кого бидејќи, како што посочи, станува […]

Од ноќеска дожд и северен ветер


Под влијание на влажен бран во ноќните часови и утре времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и повремено проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.) што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум степени. Во вторник […]

Над 1.500 учесници на спортско-рекреативната трка „Трчај, бе“ во Битола


Над 1.500 учесници од 40 држави во Европа утрово учествуваат на спортско-рекреативната трка „Трчај, бе“ што се одржува низ улиците на Битола. Трката поддржана од Атлетската федерација на Македонија се одржува на три патеки од 5, 10 и 21 километар, а на улиците во централното градско подрачје се атлетичарки и атлетичари од Турција, Романија, Косово, […]

Од седум до 15 отсто од жените во постпородилна депресија, уште толку непрепознаени и нелекувани


 Од седум до 15 отсто од жените паѓаат во постпородилна депресија, а уште толку се непрепознаени и нелекувани од различни причини, покажуваат податоците  од Кабинетот за третман на жени во бременост и по породување при Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК), не водат евиденција за […]

(Фото) Граѓани помагаат да се изгаси пожарот кај ресторанот „Рагуза“


Со две противпожарни возила, пожарникарите, потпомогнати од локалните жители успеаја за кусо време да го стават под контрола пожарот кој попладнево изби на ледината спроти ресторанот „Рагуза“ во скопско Ново Лисиче. Граѓаните од околните згради гледаа како пожарот се шири на различни страни, како што се менуваше ветрот. Граѓани гасеа со стапови, се фрлаше песок […]

(Фото) Гори сува трева во близина на ресторанот „Рагуза“ во Ново Лисиче


Сува трева се запали во близина на ресторанот „Рагуза“, или попознат како „Мирко“, во Ново Лисиче. Во моментот, пожарникари со едно противпожарно возило се обидуваат да го изгасат, но дува ветар, а пожарот брзо се шири поради тоа што тревата е сува.  Жителите од околните згради може да го видат, а се чувствува и мирис […]

Возрасни луѓе уништуваат урбана опрема во Бутел – општината со осуда


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски го осуди вандалскиот чин со кој се уништува урбана опрема. – Жално е што сè почесто сме сведоци на дивјаштвото врз реквизитите и урбаната опрема која претходно е поставена на местата каде децата и граѓаните најчесто одмараат. Последниот случај е во дворот на ООУ “Ацо Шопов” каде што целосно […]

Меџити со поддршка за акцијата на Клиниката за онкологија, очекува брза истрага


Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска даде поддршка за синоќешната акција на Обвинителството и полицијата на Клиниката за онкологија, очекува институциите брзо да се произнесат во однос на истрагата. – Како министер, силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи, кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во […]

Пожар на отворено во гостиварското село Речане


Вработени во „Македонски шуми“ и пожарникари преземаат мерки за да го локализираат шумскиот пожар кој претпладнево избувна во близина на селото Речане, гостиварско.   Според инфромациите од Ценатрот за управување со кризи, пожарот бил пријавен на телефонскиот број 112, а на местото била испратена една екипа од тројца пожарникари и едно ПП возило. -Првичните информации […]

Од денеска, мостот „Беласица“ отворен за лесни возила


 Мостот „Беласица“ од денеска ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот кога ќе завршат градежните работи од страна на ЕСМ. – Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на булеварот „Беласица“, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања […]

Се подготвува документација за проект за прифаќање на атмосферските води од Припор и Сопиште


Град Скопје, покрај реализација на тековните инвестициски проекти за изградба и реконструкција на водоводната и канализациона мрежа во градот, продолжува со исполнување на ветувањата од програмата „За модерно Скопје“ со изработка на инвестициско техничката документација за прифаќање на атмосферските води од Припор и Сопиште, информираат од Одделението за односи со јавност. – Проектната документација има […]

Од Клиниката за онкологија и од два стана во Скопје одземени и дадени на вештачење компјутери и документација


 Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи продолжуваат да преземаат дејствија во предистражна постапка во Клиниката за онкологија. Како што денеска информираат од Јавното обвинителство, акцијата е спроведена врз основа на наводи во новинарски текстови поврзани со работата на Клиниката. Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, по насоки на […]

Кино на отворено „Панкот не е мртов“


Како дел од културната понуда во рамки на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата, вечер (20.00), кај езерцето во првиот дел од Градскиот парк, ќе се одржи филмска вечер на отворено со проекција на хитот „Панкот не е мртов”, најави службата за информирање на Град Скопје. Филмот е во режија на Владимир Блажевски. […]

Од утре вечер дожд и пад на температурата до осум степени


Под влијание на влажен бран во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.), што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум […]

Во Прилеп почна Фестивалот на пивото


Пригодно, со желби за добра забава, вкусна скара и дегустација на пенлив пијалак, синоќа во центарот на Прилеп е отворен 20-тиот Фестивал на пивото. Во изменет термин, ребрендиран како „Бирвикенд“, Фестивалот и за прилепчани и за гостите што пристигнаа од повеќе градови е значаен и традцицијата треба да продолжи. За голем број гости многу е […]

ЈП „Лајка“ организира фудбалски натпревар за промоција на вдомување кучиња


 ЈП „Лајка“ денеска организира фудбалски натпревар помеѓу клубовите Вардар  и Македонија Ѓорче Петров. Пред почетокот на фудбалскиот натпревар, фудбалерите на ФК Вардар ќе продефилираат со кучињата од ЈП „Лајка“ кои бараат дом. Целта на настанот е фудбалерите да го промовираат вдомувањето на кучињата.

Општина Центар и МАГО со заедничка кампања за намалување на ризикот од малигни гинеколошки болести 


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и Проф. д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари  – МАГО, ќе започнат заедничка кампања со цел подигнување на свеста за значењето на редовните превентивни прегледи и намалување на ризикот од малигни болести, особено кај маргинализираните жени. Првата панел дискусија е планирана за 20 септември […]

Нема интерес за студирање метеорологија, државата може да остане без метеоролози


Во изминатите две години на студиите по метеорологија студираат само тројца студенти. Доколку овој тренд продолжи, државата ќе се соочи со дефицит на метеоролози бидејќи и во Управата за хидрометеоролошки во наредните пет години голем број од вработените ќе го остварат правото за пензија. Ограничените вработувања, искуствата од претходните генерации дипломирани метеоролози кои сѐ уште […]

Сончево, со температура до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје претежно сончево, со минимална температура […]

Превентивен проект за младите: „Кажи не на дрогата, да на животот“


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“-Скопје го промовираше новиот превентивен проект на Министерството за внатрешни работи за превенција од зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите, под мотото – „Кажи не на дрогата, да на животот!“ Министерот Спасовски оствари работна средба со директорката на гимназијата Силвана Кржовска […]