(Видео) Изјава на премиерот Ковачевски


Проследете ги изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по поставувањето камен-темелник за доградба на ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало.

ДУИ бара истрагата да опфати и други клиники, лекарите да не се линчуваат


Демократската унија за интеграција  бара надлежните институции, особено обвинителството итно и темелно да ги истражат сите наводи за сериозна злоупотреба над животот и здравјето на пациентите на Онкологија. -ДУИ целосно ја поддржува акцијата спроведена пред неколку дена од страна на МВР и Обвинителството и ги повикува институциите да спроведуваат вакви истраги и во другите клиники […]

Спасовски: Тим од полиција истражува на Онкологија


Нема збор кој може да го опише тоа што се случува на Онкологија. Се изгубила човечката димензија и ова се состојби кои траеле во континуитет подолг временски период . Колку и да е лошо и колку да боли, ова мора да се истера до крај и мора да се анализираат сите аргументи, изјави за „Клик […]

Почувствуван земјотрес во Делчевско, епицентарот во Бугарија


Земјотресот со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутрината во 9 часот и 31 минути во Делчево, Тработивиште и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот бил на 140 километри источно од Скопје во соседна Бугарија, со локална Рихтерова магнитуда ML3.3.

ЦУК: Пак гореше во Лисиче, изгаснати 32 од вчерашните 34 пожари


Од вкупно 34 пожари на отворен простор два се сѐ уште активни, но со намален интензитет, информираат од Центарот за управување со кризи. Станува збор за пожарите во Општина Прилеп кај село Тополчани, каде што гори ниска вегетација, и во Општина Гевгелија кај село Селемли каде што гори мешена шума. Како што дополнуваат од ЦУК, […]

Пајакот собра 175 возила низ Центар


ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 175 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 28.08. до 03.09.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 83 непрописно паркирани возила, а со поставување на […]

Меџити ќе одржи прес-конференција за случајот со Клиниката за онкологија


Во врска со случувањата на ЈЗУ УК за онкологија и радиотерапија, министерот за здравство Фатмир Меџити денеска во 13 часот ќе одржи прес-конференција, соопштија утрово од Министерството. Во петокот беа извршени претреси на Клиниката, како и во приватни станови, како дел од акција на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството. Како што информираа од Јавното […]

Секој против секого околу скандалот на Онкологија – некрофилија, линч или барање правда?


  СДСМ ги отфрли обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека актуелната влада е одговорна за криминалот на Онкологија, нарекувајќи ја оваа партија „некрофилна“ бидејќи се обидува да злоупотребува мака на болните.  „Некрофилната ДПМНЕ наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции, МВР и ЈО, за расчистување на криминалот на Клиниката за онкологија, срамно се обидува да злоупотребува […]

Пендаровски: Крајно време е да ја прекинеме културата на неказнивост


Фрапантни и згрозувачки се јавно достапните информации за сомнежите за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак. Наместо на тие лица соочени со најтешката дијагноза да им пружи целосна поддршка и заштита, здравствениот систем очигледно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај тие болни, туку е доведен во прашање и квалитетот на […]

Таравари: Белата наметка поцрне


  Поранешниот министер за здравство, актуелен градоначалник на Гостивар и лидер на политичката партија Алијанса за Албанците – Арбен Таравари, инаку доктор по професија, на својот Фејсбук профил се огласи за скандалот на скопска Онкологија. „За скандалот на Клиниката за онкологија, Алијансата за Албанците алармираше до декември 2022 година. Но, никој не реагираше и се […]

Дебата „Северна Македонија и Западен Балкан низ призмата на новата политика на ЕУ за миграции и азил“


Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска во Скопје ќе биде домаќин на 12-та сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Северна Македонија и Западен Балкан низ призмата на новата политика на ЕУ за миграции и азил“, во организација на Европското движење. Како што најавуваат организаторите, […]

Протест во Скопје поради случајот со Клиниката за онкологија


Граѓани ќе протестираат во Скопје поради случајот со Клиниката за онкологија. Како што е соопштено, протестот ќе почне од 18 часот пред Влада, а потоа ќе продолжи пред Министерството за здравство. – Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија, кои со месеци во живото […]

Промоција на проект за отворање регионален центар за рехабилитација на деца кои преживеале канцер


Во некогашното основно училиште во Кучково, во Општина Ѓорче Петров, денеска ќе биде означен почетокот на проектот „Приказната продолжува“, со кој овој објект ќе биде реконструиран и преадаптиран во регионален центар за рехабилитација на деца кои преживеале канцер. Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, на настанот ќе говорат ресорниот министер Ристо Пенов, директорот на […]

Променливо облачно со повремен дожд, пад на температурата до 10 степени


Времето од изутрина ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места и особено на југоистокот ќе бидат поројни и повремено проследени со грмежи. Преку денот ќе биде значително посвежо и ќе дува умерен до засилен северен ветер (и над 60 км/час) што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет […]

Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода, локализиран пожарот кај Пиперево


Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селото Пиперево, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран. Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 20 тони вода, наведуваат од МВР. Од ЦУК, во меѓувреме, информираат дека двата пожари […]

На ,,Тиквешки гроздобер” ќе има вечер посветена на Никола Бадев и филм за Васил Хаџиманов


На традиционалната стопанско – туристичка и културна манифестација ,,Тиквешки гроздобер” ќе има и вечер посветена на Никола Бадев и филм за Васил Хаџиманов, информираше вечерва кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, објавувајќи ја целосната програма за фестивалот, на својата Фејсбук страница. Манифестацијата ќе трае наредните петок, сабота и недела, на 8, 9 и 10 септември. Активностите стартуваат […]

Јавноста бара брза и ефикасна истрага за случајот Онкологија


Гнев во јавноста, страв кај најтешко болните – случајот Онкологија предизвика лавина реакции кај познатите личности, но и кај обичните луѓе. Некои од нив го кажуваат и сопственото искуство што го имале со оваа клиника на која се лекуваат за најтешко болните – оние со малигни заболувања. На социјалните мрежи „врие“ од реакции во кои […]

Спасена свињарската фарма од пожарот кај штипското село Пиперово


Спасена е свињарската фарма од огнените јазици кои се приближуваа до објектот, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев. Во гаснењето на пожарот ангажирани се 15 пожарникари и четири возила, а од воздух дејствува и полицискиот хеликоптер. Коцев посочи дека сега се гаси шума. Според негова проценка зафатени се околу 150 хектари. На […]

Пожарот во атарот на штипското село Пиперово се шири кон свињарска фарма


Штипските пожарникари во моментов од огнените јазици спасуваат свињарска фарма, која се наоѓа меѓу регионалниот пат Штип-Радовиш кај местото викано  „20-ти километар“ и селото Пиперово. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека сите сили се насочени кон спасување на фармата. -На терен сме 15 пожарникари со четири противпожарни возила. Очекуваме наскоро да пристигне […]

Шумски пожари во атарот на селата Пиперово и Гумалево и општините Штип и Зелениково


 Побарана е воздушна подршка за гаснење на два шумски пожари, првиот на територијата на Општина Штип, во атарот на селото Пиперово, вториот на територијата на Општина Зелениково, во атарот на село Гумалево. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, еден полициски хеликоптер и еден Ер трактор на ДЗС се подготвуваат за полетување.