Од понеделник почнува наплата на паркингот во Ист Гејт Мол


  Почнувајќи од понеделник, 9 октомври, трговскиот центар Ист Гејт Мол воведува систем за наплата на паркингот по речиси две години откако се отвори трговскиот центар. Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари. По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари секој започнат час. Иако се менува режимот на […]

ТАВ: Од 9 октомври патниците да пристигнуваат на шалтерите три часа пред летот


ТАВ апелира до патниците од 9 октомври да пристигнуваат на шалтерите три часа пред летот, бидејќи авиокомпанијата ќе врши надградба на системот за багаж. – Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со […]

ЦУК: Вчера имаше 23 пожари на отворен простор, активни се уште четири


 Во земјава вчера имало вкупно 23 активни пожари на отворено, од кои активни се уште четири, инфрмира ЦУК. Во  Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, кај месноста „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и речиси р невозможно за пристап на лица и за гаснење, во Општина […]

Без електрична енергија делови од неколку скопски општини


Без електрична енергија денеска ќе останат делови од неклку скопски општини и населби. Како што информираат од Центарот за управување со кризи во период од 10 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Долно Лисиче, односно делот кон пругата и Драчево, оштина Аеродром и Кисела Вода. Во период од 09 […]

Променливо облачно со сончеви периоди и умерен, повремено засилен ветер од северен правец


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени. Во Скопје променливо […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 6 октомври 2023 година, 279-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 96 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 36 минута, а ќе зајде во 18 часот и 8 минути. Денов трае 11 часа и 32 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Од утре времен режим на сообраќај од Битола кон Национален парк „Пелистер“


Од утре на сила ќе биде време режим на сообраќајот, кој води од Битола кон Националниот парк „Пелистер“. Од Општина Битола соопштија дека времениот режим на сооbраќај се воведува заради почеток на градежните активностите за изградба на колектор за одведување на фекални отпадни води од локалитет „Бегова чешма“ до Национален парк „Пелистер“, во должина од […]

Ѓоргиевска: Телесната автономија е основно човеково право, а сепак неостварливо за многу жени


Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска е домаќин на регионалната конференција на високо ниво „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“, што се одржува во Кабинетот на претседателот. Конференцијата, чиј домаќин е Ѓоргиевска, се одржува во соработка со Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, а под покровителство на претседателот Стево […]

Младеновска: Во Психијатриската болница момчето било врзувано со кожни и платнени фиксатори


В.д. директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Рената Младеновска, по информациите во јавноста дека во Психијатриската болница во Демир Хисар е малтретирано 17-годишно момче, денеска изјави дека е извршен вонреден инспекциски надзор во болницата и дека станува збор за малолетно лице, кое поради изразена агресија, родителите го однеле во оваа болница. Младеновска посочи […]

Прогласени просветните работници на годината


За вонредни ангажирања и придонес во унапредувањето на воспитно – образовната дејност, министерот за образование Јетон Шаќири, на десет просветни работници од предучилишно, основно и средно образование им додели признание Просветен работник на годината за учебната 2022/23. – Светскиот ден на учителите е добар повод уште еднаш да им кажеме благодарам на сите учители, наставници […]

Општина Берово ќе биде дел од Пактот на градоначалниците за климатски промени и енергија


Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски престојува во Турција, каде како претставник на Општина Берово е дел од сесијата за климатска акција за Западен Балкан и Турција (MARUF) чија цел е зајакнување на енергетската транзиција.  На сесијата како што информираа од Општината, Пекевски разменил мислења и позитивни искуства во делот на енергетската транзиција, како дел од […]

Отворен центар за талентирани ученици во Центар, Карпош и Кисела Вода


Центар за талентирани ученици се отвора денеска во ОУ „ Димитар Миладинов“ во општина Центар. Станува збор за меѓуопштинска соработка меѓу Центар, Карпош и Кисела Вода. Центарот располага со површина од 120 м2 и вклучува три посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, биохемиска лабораторија и лабораторија за уметности. Просторот е со посебен […]

Меџити се сретна со мајката на аутистичното момче: Ќе ја следам работата на болницата во Демир Хисар


Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска се сретна со Салка Абдуловска, мајка на 17-годишното момче за кое излезе информација во јавноста дека било несоодветно третирано во болницата во Демир Хисар. Министерот Меџити, како што соопшти Министерството за здравство, изразил жалење за ситуацијата и потенцирал дека нема да дозволи несоодветен третман на пациентите, особено на малолетни […]

Мизрахи најавува дека анкетната комисија ќе работи секој ден


  Ќе се работи секој ден, па и за викенди, доколку треба, изјави денеска претседателката на Анкетната комисија за случувањата на Клиниката за онкологија, Рашела Мизрахи, откако денеска нејзините членови почнаа со работа. Првата работа што ја направи комисијата е да го усвои деловникот за работа. Мизрахи најави дека уште денес ќе бидат контактирани поранешни […]

Бендевска ќе ја тужи државата поради недостигот на учебници


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, подготвила тужба за заштита од дискриминација против Министерствтоо за образование, поради тоа што не обезбедило учебник за секое дете, поради што учениците немаат еднаков пристап до квалитетно образование. Комисијата, вели претседателката Весна Бендевска, работи на неколку случаи на структурна дискриминација, односно кога е зафатена голема популација, како што […]

Компанијата АССЕКО СЕЕ се преименува во АСЕЕ


Една од водечките ИТ компании во Македонија, АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ Скопје, која е дел од најголемата ИТ групација и пионер во развојот на банкарскиот софтвер – ASSECO SEE (АСЕЕ), објавува значајна промена во своето име. Имено, од 3 октомври 2023 година, компанијата функционира под нов правен назив – AСЕЕ ДООЕЛ Скопје, скратено AСЕЕ ДООЕЛ Скопје. […]

До недела сончево и топло, од понеделник заладување


За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во недела попладне и во понеделник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе допринесе дневната температура во понеделник да опадне за 4 до 6 степени, информира УХМР.  Минималните утрински температури ќе се спуштат до три степени, а […]

Кафтанџиев: Не само што се зголемува бројот на ортопедски повреди, се зголемува и нивната тежина


Не само што се зголемува бројот на ортопедски повреди, се зголемува и тежината на тие повреди во земјава, исто како што се случува и во светски рамки. Оттаму, да се има еден стандардизиран начин на нивно лекување, е од сериозна важност, како за пациентите, така и за државата воопшто, изјави за МИА, професор доктор Игор […]

Опожарена градската депонија во Крива Паланка


Гори градската депонија во Крива Паланка, пожарот настанал околу два часот утрово, а бидејќи, според информациите од Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, настанал од две страни, е од поголем размер и сè уште се работи на гасењето на истиот. Командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски, информира дека дојавата е примена околу два часот […]