Археолошкиот музеј подготвен за изложбата „100 години Требениште“


Ексклузивната изложба „100 години Требениште“ по повод еден век од истражувањата на овој локалитет кај Охрид, Археолошкиот музеј на Македонија ќе ја отвори наскоро. Датумот на отворањето и времетраењето на изложбата ќе ги соопшти официјално оваа недела. На изложбата ќе бидат претставени златните маски од 6 век п.н.е.  и други предмети најдени во некрополата кај […]

Со василичарско оро и палење на маските завршува Вевчанскиот карневал


Со традиционалното василичарско оро и палење на маските на двете друштва Горна и Долна маала во центарот на Вевчани попладнево ќе заврши годинашниот Вевчански карневал. Зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, инспирирани од актуелните случувања изминатава година, според традицијата, денеска ќе ги посетат вевчанските семејства каде што има луѓе со име […]

Недела на австралиски филм од 26 до 30 јанаури


„До крајот на светот и понатаму“ е насловена Неделата на австралиски филм која Кинотеката на Македонија ќе ја организира од 26-ти до 30  јануари кога ќе прикаже пет филма од австралиската кинематографија снимени во изминатите две децении. Филмската ревија ќе почне на 26 јануари (сабота) од 20 часот со играниот филм „Црниот балон“ од 2008 […]

Пловдив стана европска престолнина на културата за 2019


Бугарија– Пловдив, вториот град по големина со 345 илјади жители и најстар град во Бугарија, е  прогласен за Европска престолнина на културата за 2019 година. Отворањето на манифестацијата за прославување на настанот беше претставено со уникатно шоу на специјално дизајнирана сцена. Претставата под наслов “Ние сме сите светови” беше поставена на 30-метарска кула. Обезбеди видливост […]

Промената на името и нобелова награда меѓу маските на Вевчански карневал


Промената на уставното име беше најголема инспирација за вевчанските василичари, кои попладнево продефилираа низ вевчанските улици на годинашниот Вевчански карневал 2019. Покрај традиционалните зет, невеста, ѓаволите и глупавите Августи, низ вевчанските улици помина и Комисијата за доделување Нобелова награда за која е номиниран премиерот Зоран Заев, минималната плата од 500 евра, странските инвестиции, законите за […]

Уште една потврда – Кон изложбата „Бесконечност“ на Петре Николоски


Кон изложбата „Бесконечност“ на Петре Николоски во Националната галерија „Чифте-амам“ Петре Николоски (1959) се претставува со редуциран избор на дела кои биле дел од негови поранешни проекти, видени во целост во Скопје, како и со нов проект адаптиран на постојните материјални и просторни услови. Станува збор за објект од средновековната исламска архитектура со специфични пластични […]

Музејот на раскинати врски во Скопје: Донирајте и вие парче од несреќна љубов


Музејот на раскинати врски по 11 години повторно ќе гостува во Македонија во рамките на одбележувањето на Денот на уметноста, кој по седми пат го организира Младинскиот културен центар. На настанот ќе има повеќе активности од областа на културата и сето тоа под препознатливиот наслов „Роденден“ ќе се одржи на 17 јануари. Музејот на раскинати […]

(ВИДЕО) Директорот на МКЦ го исчисти дворот од снег


Директорот на Младинскиот културен центар во Скопје, Русе Арсов го чистеше наталожениот снег пред институцијата која ја предводи. „в.д. директорот на МКЦ, сериозно ја сфати изреката: Исчисти го прво својот двор“, стои во описот на видеото.

Новиот филм на сестрите Митевски во официјална конкуренција на Берлинале


Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар-Митевска е избран во официјална конкуренција на престижниот филмски фестивал во Берлин, со што по пауза од 25 години (по „Пред дождот“ во Венеција во 1994) македонски филм повторно ќе биде во главна селекција на филмски фестивал од А категорија. Премиерата на филмот во Берлин […]

Рекорд на музејот Метрополитен: 7,36 милиони посетители


САД– Најголемиот американски музеј, Метрополитен во Њујорк, кој има три локации во градoт, во 2018 година го посетиле 7.360.000, што е рекорд за една година. Во претходната 2017 година, музејот имаше седум милиони посети. Ланскиот рекорд се должи на изложбата во рамките на Мет гала  во Одделот за костими „Божествени тела” и „Микеланџело – божествениот […]

Рецензија: „Робин Худ: Почетоци“


Несомнено еден од најекранизираните ликови во филмската индустрија е Робин Худ. Ова е една од подобрите верзии која навистина изненадува со својата атрактивност бидејќи општо земено со глед на своите претходници тематски нема покажано ништо ново. Ерол Флин и Оливија де Хевиленд го запалија екранот гледајќи се со препуштање уште пред Втората светска војна. Ироничната […]

УЗКН со 19 активности во 2018-Европска година на културното наследство


Вкупно 19 активности, од кои 15 спроведени во Македонија, а четири реализирани во делот на меѓународни активности, опфати Националната програма која минатата година ја изготви Управата за заштита на културното наследство (УЗКН), за да се придружи во одбележувањето на 2018-Европска година на културното наследство. Програмата се спроведе под слоганите „Нашето наследство – европска вредност!“ и […]

Концерт „Диско треска“ по повод Василица


„Диско треска“ („Disco Fever“) е гала концертот што по повод празникот Василица ќе биде изведен на 12 и 13 јануари годинава, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет. Диригент на концертот е Бисера Чадловска, а режисер Дејан Прошев. Публиката ќе може да ги слушне најдобрите диско хитови од 70-тите години од минатиот […]

Пловдив и Матера – Европски престолнини на културата во 2019 година


Бугарија- Бугарскиот град Пловдив и италијанскиот град Матера се прогласени за овогодинешнни Европски престолнини на културата, соопшти Европскиот парламент. Во  соопштението се вели дека станува збор за градови со богато историско наследство, свртени кон днината, објави бугарската агенција БТА. Пловдив е првиот бугарски град кој ја освои титулата Европска престолнина на културата. Пловдов, со своите 345 […]

Хрватски детски филмови во Кинотека на Македонија


Во Кинотека на Македонија од 9 до 16 јануари ќе се одржи ревија на филмови за деца од хрватската кинематографија. „Хрватските детски филмови се присутни во хрватската кинематографија многу често како екранизација на веќе постоечки книжевни успеси. Но, самата застапеност не би била доволна доколку тие не припаѓале на самиот врв на уметнички успешните филмови, за […]

Форбс: Џоан Роулинг е најбогата писателка


САД– „Форбс“ ја рангираше авторката на „Хари Потер“ Џоан Роулинг за најбогата писателка со заработени 1 милијарда долари, 54 милиони само во 2018 не само од нејзините познати книги за волшебникот Потер туку и продажбата на играчки и облека со ликовите на јунаците кои ги создаде.Малиот волшебник, кој во меѓувреме порасна, освои милиони читатели низ […]

„Охридско лето“: Концерт во спомен на покојниот градоначалник Стојаноски


Фестивалот „Охридско лето“ на 12 јануари ќе организира концерт на класична музика на кој ќе настапат младите српски солисти Александра Петровиќ и Стеван Каранац заедно со Српскиот камерен оркестар. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во 19 часот, а како што велат од оваа национална установа, ќе биде посветен на прерано починатиот градоначалник […]

Над 1.000 маски годинава за Вевчанскиот карневал


Вевчани и оваа година од 12-ти до 14 јануари ќе биде театар на отворено без режија и центар на сатирата за настаните што ја одбележаа минатата година. Веќе се изработени над 1.000 поединечни и групни маски, кои се чуваат во тајност, а организаторите очекуваат околу 10 илјади посетители. На Вевчанскиот карневал и годинава ќе има […]

До 15 јануари конкурс за „Роман на годината“, пријавувањето во КИЦ


Романите кои конкурираат за наградата „Роман на годината“ ќе се доставуваат во Културно-информативниот центар на Град Скопје (КИЦ) до 15 јануари – крајниот рок на конкурсот, соопшти Фондацијата „Славко Јаневски“. Романите може да се поднесуваат секој работен ден (одговорно лице: Емилија Михајлова). Останатите услови од конкурсот остануваат исти: се пријавуваат пет примероци од романот или […]

Бајруш Мјaку: Бараме институционализација на Детскиот театарски центар од Чаир


Актерот и директор Бајруш Мјaку во интервју за МИА вели дека ќе побара институционализација на Детскиот театарски центар од Чаир со цел да стане првиот Театар за деца и младинци на албански јазик. – Со финансиска поддршка од Општина Чаир за одржување на објектот, изминатата година успеавме да реализираме три премиери и 98 репризи, што […]