Месец на франкофонија: Разговор со Седрик Гра и Грегоар Леменаже во Кинотека

Францускиот институт во Скопје, денес, во 17 часот, во Кинотека организира разговор со двајца реномирани француски книжевници, г-дин Cедрик Гра, патописец, и Грегоар Леменаже, уредник на културната редакција на списанието „Ле Новел Обсерватер“, на тема патописна книжевност, како и во знак на омаж на големиот патописец Никола Бувие.

По воведниот разговор, следат проекции на документарните филмови: „Бувот и китот“ на Патрисија Платнер (1993) и „Враќањето на Бувие“ на Јордан Плевнеш (2010). Господинот Плевнеш, Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје, ќе се обрати пред проекцијата на документарниот филм.
Настанот е со превод на македонски јазик, а влезот е слободен.

Манифестацијата е дел од серијата настани во знак на одбележување на Франкофонијата, кои се посветени на делото на швајцарскиот автор, патописец и режисер Никола Бувие, а се организира во соработка со Амбасадата на Швајцарија и Кинотеката.