Министерот Адеми на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера


Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера, кој годинава се одржа во чест на одбележувањето на 150-годишнината од основањето на оваа еминентна оперска куќа.   Од Министерството за култура соопштија дека Адеми, заедно со претставници на Министерството овој ексклузивен настан го проследил на лична покана од директорот на Виенската […]

Книгите на Гијом Мисо најпродавани во Македонија за 2018.


 „Ако не постои утре“ и „Девојката од Бруклин“ од Гијом Мисо и „Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината“ од Александар Алексов се најпродавани книги во Македонија за 2018 година. КупиКнига.мк, најголемата електронска книжарница во Македонија, ја објави листата на 20-те најпродавани книги во 2018 година. Читателите повторно го ставија на првото место авторот Гијом Мисо. Четврта година по […]

Богдановиќ: Читалната „Славко Јаневски“ не се затвара, напротив, ќе се проширува


Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ демантира дека читалната „Славко Јаневски“ се затвара, вели, напротив, ќе се проширува  или во најдобар случај ќе и се најде посоодветна локација од актуелната. Претходно, јавноста реагираше на веста дека општина Центар донела одлука за затварање на читалните кои функционираат на територија на општината, алудирајќи и на читалницата „Ацо […]

Почина големиот хрватски актер Иво Грегуревиќ


Хрватска- Вчеравечерта ненадејно почина и еден од најголемите хрватски актери Иво Грегуревиќ на 67-годишна возраст во својот дом во Загреб. Познат беше по улогите во „Вело мисто“, „ Долга мрачна ноќ“, „Што е маж без мустаќи“…Тој беше роден во Долна Махала кај Орашје во 1952 година. Студирал на Академијата за драмски уметности во Загреб. На […]

Почина актерот Марко Николиќ, Попадиќ од серијата „Подобар живот“


Вчера замина уште еден од великаните на поранешната југословенска кинематографија. Актерот Марко Николиќ, најпознат по улогата на Гига Моравац или Попадиќ од серијата „Подобар живот“ почина во болницата во населбата Звездара во 73-тата година од животот. Веста за неговата смрт ја објави неговата ќерка, Мина со заедничка фотографија на фејсбук и годината на раѓање и […]

Претстави и концерти од средината на јануари


Театрите во Скопје од средината на месецов ќе ги прикажат првите претстави во 2019 година. Македонската опера и балет традиционалниот концерт за празникот Василица ќе го изведе на 12-ти и на 13 јануари. Годинава тој е насловен „Диско треска“ и ќе содржи диско хитови од 1970-тите години во целосно нови симфониски аранжмани. Првата претстава на […]

(ВИДЕО) Најсмешните моменти од снимањето на третата сезона на Преспав


Третата сезона на телевизиската серија „Преспав“ е во тек, а од продукцијата ОХО споделија дел од најсмешните моменти во текот на снимањето. „Преспав“ трета година по ред предизвикува насмевки кај гледачите, а според она како се снимала серијата, очигледно забавно им е и на актерите. Третата сезоина се емитува на Македонската радио телевизија.

„Исцелител“ ќе биде првиот прикажан филм во Пехчево по 10 години


Со македонскиот кандидат за Оскар, „Исцелител”, на режисерот Ѓорче Ставрески, по пауза од 10 години во Пехчево повторно ќе се прикажува филм. Како што информира директорот на Домот на културата, Ана Марија Теохарова, ова е поттик во градот повторно да заживее кино проекцијата. -Ова е прво прикажување игран филм во Домот на култура „Јане Сандански” […]

„Архангел“ ќе настапи на Вевчански карневал


Македонскиот рок бенд „Архангел“ ќе настапи на годинешното издание на Вевчанскиот карневал, потврдија организаторите. Вевчанскиот карневал традиционално ќе се одржи од 12 до 14 јануари, а наскоро ќе биде објавена и целосната програма. Карневалот е стар најмалку 1.460 години и секоја година се одржува празнувајќи го Св. Василиј Велики. На тој ден се дочекува новата […]

Матера и Пловдив се европските престолнини на културата за 2019


Белгија- Матера во Италија и Пловдив во Бугарија се европски престолнини на културата за 2019 година. Целогодишната манифестација со разновидни настани во Матера официјално ќе биде отворена на 19 јануари. Стариот дел од овој јужноиталијански град во покраината Базиликата е на листата на светско наследство на УНЕСКО благодарение на древното градителство. Две области во градот […]

„Диско треска“ за Василица во МОБ


Гала концерт по повод празникот „Василица“ насловен како „DISCO FEVER“, оваа година ќе и приреди на публиката вистинско и незаборавно уживање со изборот од најдобрите диско хитови од 70′ години во целосно нови симфониски аранжмани. Македонската опера и балет, со огромно задоволство најавува „Диско треска“ на 12 и 13 јануари со почеток во 20 часот.

Виенскиот новогодишен концерт прослави 80-ти роденден


Австрија– Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија вчера го прослави својот 80-ти роденден. Првото издание на овој сега светски музички настан се одржало на 31 декември 1939 година под диригентска палка на Клеменс Краус. По вториот концерт одржан во 1941 година, официјален датум станал 1 јануари. Шеесет години поминаа од првото телевизиско емитување на овој музички […]

Претставата „Мојата ти“ вечерва премиерно во кумановскиот театар


Претставата „Мојата ти“ по текст на Олга Димитријевиќ и во режија на Драгана Милошевски Попова вечерва премиерно ќе биде изведена во кумановскиот театар. – Во „Мојата ти“ се среќаваме со повеќе теми, кои лирски се среќаваат со староста, слободата, осаменоста, фаворизирањето на младоста и сите помагатели кои таа ги носи. Се преиспитуваме низ ликовите на […]

Симон Трпчевски со два концерти на 1 јануари ќе ја започне новата година


Со два новогодишни концерти на 1 јануари нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески ќе ја започне новата година. Тој ќе настапи во Хановер на покана од хрватскиот диригент Иван Репушиќ, кој што е шеф-диригент на Операта во тој град. По Божиќ, пред наша Стара Нова година, по неколку години, Трпчевски се враќа во Линколн […]

Почина израелскиот книжевник Амос Оз


Амос Оз, еден од водечките израелски книжевници, почина од рак во 79-та година од животот. Веста ја објави неговата ќерка, историчарката Фаниа Оз-Салзбергер. Неговото автобиографско дело „Приказна за љубовта и темнината“ беше адаптирано за филм во 2015 година и претставуваше режисерско деби на Натали Портман. Поддршката на Оз за дведржавно решение за израелско-палестинскиот судир наведе […]

Изложба на Петре Николоски во Чифте амам


Изложбата на Петре Николоски насловена „Бесконечност (Infinity)“ вечерва, во 19 часот во Чифте амам, е завршна манифестација на чествувањето на 70 години од постоењето  на Националната галерија на Македонија. Изложбата на Николоски се состои од повеќе мултимедијални дела и инсталации, кои се во најголем број изработени специјално и исклучиво во контекст на архитектонскиот и идеолошко […]

Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица


Во Мала станица е отворена годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Изложени се дела на 73 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија, а на отварањето беа избрани и добитниците на наградите за сликарство, вајарство и графика. Годинава за сликарство е награден уметникот Игор Таневски, наградата за вајарство ја доби Филип Фидановски, додека […]

Дело кое зрачи со уметност и нови идеи


Осврт на ретроспективната изложба на Танас Луловски-Тане 1940-2006 Сликарството на Танас Луловски-Тане се карактеризира со сигурна техника и концентрираност во работата особено со квалитетот на лирската преобразба на мотивот синтетизирајќи ја суптилно доловената предметност и извесната апстрактност на изразот облагородена со белината и тивкото струење на светлината. За мене сликата постои само кога ја создавам, […]

Ќе се испитува проектот за „балистите“


Во рамките на конкурсот „Млади Европејци“, комисијата одобрила проект „Запознај ја Македонија“, со поддршка од 150 илјади денари за изработка на три видеа како промоција на три града од земјава. Но јавноста реагираше на првото видео од овој серијал посветен на Тетово, каде што се зборува дека обележје на овој град е навивачката група „Балисти“ […]

Доцни изборот за претставник на Венециско биенале на уметноста


За учество на Венециско биенале на уметноста 2019 година, стручната комисијата формирана од Министерството за култура сè уште работи на проверка и оценување на апликантите. – Имаме многу добри кандидати годинава, по анализите на комисијата ќе донесеме конечна одлука со што достоинствено ќе се претставиме во Венеција – рече Адеми. Министерството за култура на 26 […]