Пресек на сработеното во културата: Адеми вети поголем влог за следната година


Министерот за култура Асаф Адеми направи пресек на сработеното за годинава, но и најави многубројни проекти кои се во план да се реализираат следната година со предлог-буџет од 3,1 милијарди денари. Буџетот на самото Министерство е 215,5 милиони денари, а буџетот за финансирање на дејностите од областа на културата изнесува 2,9 милијарди денари. Како што […]

Адеми: До март нивелација на платите во културата по дејности


Mинистерството за култура до март 2019 година ќе спроведе нивелација на платите во културата по дејности. Нивелацијата во институциите од областа на културата се спроведува од причини што веќе подолг период е присутен проблемот на неправилности и нелогичности во висината на бруто коефициентите за пресметка на платата, односно за исто работно место во две институции […]

Политичката сатира „Нема да платам“ премиерно во Театар Комедија


Театар Комедија ќе ја заокружи годината со премиерата „Нема да платам“ од Дарио Фо во режија на Александра Кардалевска. Сценографијата ја направи Зоран Ѓурески, а костимографијата е на Маја Ѓуреска и Антонија Гунинска Јорданоска. Изборот на музика го изврши Александар Јорданов, а драматург е Дарко Јан Спасов. Во последната премиера за годинава на НУ Театар […]

Новогодишен подарок од „Нокаут“: Kонцерт и снимање во живо на новиот акустичен албум


Бендот „Нокаут“ предновогодишно подарува уникатна можност за љубителите на акустичната музика – unplugged концерт и снимање во живо на новиот акустичен албум. За таа цел бендот ги повикува своите фанови и долгогодишни следбеници да не ја пропуштат оваа единствена можност и да станат дел од музиката и музичкиот пат на бендот. Со учество во снимањето […]

Излезе монографијата „30 години поетска ноќ во Велестово“


Деновиве во издание на Поетска ноќ од Велестово и ПНВ Публикации-Скопје од печат излезе монографијата „30 години Поетска ноќ во Велестово“ со материјална поддршка на Општина Охрид. Книгата за печат ја подготви Славе Ѓорѓо Димоски, основачот на манифестацијата. Покрај текстуалниот материјал, монографијата богато е илустрирана со фотаграфии кои хронолошки го претставуваат нејзиниот развој во изминатите […]

Центарот за култура од Струга ќе соработува со меѓународни уметници


Изложби, поетски читања и други манифестации се дел од меморанудмот за соработка меѓу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ и меѓународни уметници, што денеска беше потпишан во Струга. Меморандумот го потпишаа директорката на Центарот Николина Велкоска Глигороска и Лида Шарафатманд од Малта, претставник на меѓународните уметници. Од почетокот на идната година, како што најави Велкоска Глигороска, […]

МОБ гостува во Велес: Новогодишен гала-концерт со славни оперски арии


Утревечер, во 19:30 часот, Македонската опера и балет ќе гостува во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“, а љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во Новогодишно-божиќниот гала-концерт. На овој грандиозен музички настан ќе учествуват 70 членови на МОБ,  од кои 53 членови на оркестарот и седуммина првенци на Македонската опера и […]

Промоција на книга за Димитар Влахов


Промоција на книга за македонскиот револуционер Димитар Влахов ќе се одржи во четврток 27 декември во седиштето на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) во 12 часот. „Годинава се навршија 140 години од неговото раѓање (8 ноември 1878 година, Кукуш) и 75 години од неговата смрт (7 април 1953, Белград) и нивното одбележување беше повод да […]

Миле Паника прогласен за заслужен граѓанин на општина Карпош


На предлог на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, за заслужен граѓанин за идната година советниците го изгласаа Бранко Огњановски, познат како Миле Паника, кој освен што е долгогодини граѓанин на Карпош е и еден од најафирмираните сатиричари кај нас, соопштија од Општината. Огњановски, заедно со Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров е еден од […]

Премиера на балетот „Ана Каренина“ во МОБ


Македонската опера и балет вечер од 20 часот премиерно ќе го изведе балетот во два чина „Ана Каренина“ според романот на Лав Толстој, на музика на Петар Илич Чајковски. Кореограф е Лео Мујиќ од Хрватска, а диригент Бисера Чадловска. Ликот на Ана Каренина ќе го игра Мими Поп Алексова-Атанасовска, во алтернација со Марија Кичевска-Шокаровска. Во […]

Почина Ристо Палигора конзерватор во Битолскиот музеј


Во Битола денеска почина Ристо Палигора (57 г.) истакнат и во јавноста познат историчар на уметноста и конзерватор од Битолскиот музеј. Ристо Палигора беше несебичен соработник со новинарите, а најчесто истражуваше и пишуваше за македонските цркви и манастири, за зографите и иконите. Во последното интервју за МИА, Палигора говореше за деветте цркви и ретките икони […]

„Спомени од Првата светска војна“ во Музејот на македонската борба


Музејот на македонската борба денеска отвори мултимедијална изложба „Спомени од Првата светска војна“ во која преку документарни материјали – фотографии, лични сведоштва и богат фонд на музејски артефакти, презентиран е војничкиот живот за време на Големата војна на овие простори. Авторка на изложба е Данијела Трајкова-Крстиќ, кустос во музејот. В.д. директорката Даниела Николова на отворањето […]

Македонската филхармонија со седум концерти во Кина


Од 26 декември до 8 јануари, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја оствари долгоочекуваната турнеја во Кина. Како што кажува и насловот на овој грандиозен музички проект – „7 концерти во 7 градови во Кина“, оркестарот на Македонската филхармонија во рамките на двонеделната турнеја ќе одржи седум концерти во седум импозантни концертни сали во: Хохот […]

Маестрален концерт на Симон Трпчески со „Македонисимо“ во Белград


Србија – Пијанистот со светско реноме Симон Трпчески со својот емотивен проект „Македонисимо“ синоќа во  Белград приреди вистински празник на македонската традиционална музика. Во преполната сала на престижниот „Коларац“ со„ Македонисимо“ во изведба на Симон Трпчески, гледачите имаа ретка можност да уживаат, преку виртуелната обработка на најубавите македонски традиционални мелодии, главно од играчки карактер, кои специјално […]

Новогодишен концерт на Филхармонијата со кларинетистите Гурфинкел од Израел


 „Точно на полноќ“ е насловен вечерашниот гала новогодишен концерт на Македонската филхармонија, на кој ќе бидат изведени популарни дела од класичната музика. -Тие ќе нè поведат низ пределите на студената Русија до топлиот Бразил, ќе ни ја покажат виенската галантност, но и унгарскиот уникатен фолклор, или израелската звучна специфичност и волшебна музичка синтеза, па американската џез-култура, […]

,,Маркови кули‘‘ ќе влезе во постојаната листа на УНЕСКО ?


Општина Прилеп се подготвува да аплицира со локалитетот „Маркови кули“ за влез на постојаната листа на заштита на УНЕСКО, бидејќи моментално се наоѓа само на привремената. На јавната расправа се донесе Нацрт-планот за управување за ова заштитено подрачје, којвсушност беше главна кочница за влез во листата на УНЕСКО. Во подготовка на планот се вклучиле научници […]

Интимна џез-вечер со Џон Илија Апелгрен и Гордан Спасовски во Филхармонија


Џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски вечер од 20 часот во камерната сала на Македонската филхармонија ќе одржат заеднички концерт насловен  „Midnight conversation“. Во очи новогодишните празници, Апелгрен и Спасовски ќе приредат интимен, тивок перформанс кога ќе прозвучат најубавите композиции од светската џез-литература. Концертот со пијано и глас ќе донесе комплексна, но атрактивна […]

Тома Димовски преку 22 уметнички дела го претстави „невидливото“


Тома Димовски од Скопје синоќа во Ликовниот салон во Велес се претстави со својата нова изложба „Невидливото“, на која претстави 22 дела – портрети, мртва природа и пејзаж, работени во техниката акрил на платно. Тома Димовски, роден во 1968 година, е лице со посебни потреби кое твори од својата 13-та година. Како што рече промоторката […]

Документарен филм за двојните цркви во Кумановско


Документарен етнолошки филм „Двојните цркви во Кумановско“ од Валентина Андреиќ, кустос од Кумановскиот музеј, вчера беше промовиран во Занаетчискиот дом во Куманово. Филмот го презентира културното наследство и е резултат на долгогодишно истражување на авторката. Прикажани се црквите „Свети Спас“ во Дозвезнце, „Света Петка“ во Младо Нагоричане, „Света Параскева“ во Мургаш, „Света Петка“ во Пезово […]

Симон Трпчески со проектот „Македонисимо“ утре во Белград


Македонскиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески по повеќе години гостува во Белград со својот емотивен проект „Македонисимо“ за кој изјави дека ги опфаќа најубавите македонски традиционални мелодии, главно од играчки карактер, кои специјално за петчлениот камерен состав ги обработи композиторот Панде Шахов. -Многу ми е мило што по Љубљана, првпат на Балканот можеме во […]