Поетско читање во чест на Блаже Конески во ДПМ


Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне организира поетско читање во чест на поетот и лингвист Блаже Конески, еден од основачите на македонската писателска асоцијација. Читањето е насловено „Џиџиња од зборови“ во духот на една песна на Конески од неговата стихозбирка „Црн овен“ од 1993 година. Поезија од Конески по свој избор, како и стихови […]

Реакција од Министерството за култура за текстот во „Независен“ околу конкурсот „Млади Европјеци“


Министерството за култура реагира на текстот на „Независен весник“ објавен денеска со наслов „Пропусти и за новите конкурси: За „Млади Европејци“ одлучувале вработени во Министерството“. Нивната реакција ви ја пренесуваме интегрално во целост: „Во врска со написот со наслов „Пропусти и за новите конкурси: За „Млади Европејци“ одлучувале вработени во Министерството“, Министерството за култура жестоко […]

Нивелацијата на платите во културата ќе се спроведе до март


До март 2019 година ќе се спроведе нивелација на платите во културата по дејности, соопшти Министерството за култура. Оттаму информираат дека нивелацијата во институциите од областа на културата се спроведува од причини што веќе подолг период е присутен проблемот на неправилности и нелогичности во висината на бруто коефициентите за пресметка на платата, односно за исто […]

Премиерно во МОБ: Балетот „Ана Каренина“ на музика на Чајковски


Македонската опера и балет во вторник (25 декември) премиерно ќе го изведе балетот во два чина „Ана Каренина“ според романот на Лав Толстој, на музика на Петар Илич Чајковски. Кореограф е Лео Мујиќ од Хрватска, а диригент Бисера Чадловска. Кореографот Мујиќ, кој првпат работи во Македонија, за изборот познатото класично дело од крајот на 19 […]

„Утеха за голите“ – нов роман на Давор Стојановски


„Утеха за голите“ е насловена новата книга на Давор Стојановски, кој во 2016 ја доби наградата „Роман на годината“ за „Собирачи на пепел“. Ова е 167-ми наслов во популарната едиција ПРОаЗА на издавачката куќа „Или-Или“ која, како што соопшти, продолжува со тенденцијата да го нуди најдоброто од новата генерација македонски автори. -Со неговиот веќе препознатлив […]

Пропусти и за новите конкурси: За „Млади Европејци“ одлучувале вработени во Министерството


Новиот конкурс на Министерството за културата „Млади Европејци“ повторно предизвикува незадоволство во јавноста, а се добива впечаток дека не ја исполни ниту првичната цел, а тоа е поддршката на младите. Целта на конкурсот, според најавеното од министерот Асаф Адеми, беше да се промовираат европските културни вредности, односно „преку млади таленти да се дисперзираат во локалните […]

Ретроспективна изложба на Танас Луловски Тане


Националната галерија на Македонија организира ретроспективнaта изложба на Танас Луловски Тане,  еден од доајените на македонското современо сликарство, која вечер од 19 часот ќе биде отворена во Даут-пашиниот амам. Ќе бидат поставени слики и цртежи од сите фази од неговото творештво, кое почнува во 1960-тите години. НГМ информира дека изложбата ќе биде своевиден пресек на […]

Вечер на балтичката литература во МКЦ


Издавачката куќа „Готен“ од 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар организира Вечер на балтичката литература – промоција на романот „Јелгава ’94“ од летонскиот писател Јанис Јоневс и на збирката раскази „Стакларница“ од полскиот писател Даниел Одија. „Стакларница“ од Даниел Одија и „Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс се дел од двогодишниот проект на издавачката […]

Фити: Книгата за големиот Блаже Конески е сè уште недовршена


Промоцијата на три книги во издание на МАНУ посветени на Блаже Конески е израз на посебно почитување и пиетет што Академијата континуирано го негува кон својот втемелувач и прв претседател, кој влегува во редот на нашите најмаркантни личности и национални фигури, чие дело е вградено во темелите на МАНУ, рече претседателот на Академијата Таки Фити […]

Оскари 2019: 347 остварувања се борат за најдобар филм


САД– Тристачетириесет и седум остварувања ќе се борат за Оскарот за најдобар филм што ќе биде доделен на 24 февруари. По 1970 година кога конкурираа 374 филмски наслови, идната година ќе биде рекордна. На листата се  и остварувањата на Алфонсо Куаронс  “Roma,” на Бредли Купер  “A Star Is Born,” и на Јоргос Латимос „Тhe Favourite“… […]

По 570 илјади евра за режисерите Дарјан Пејовски и Изер Алиу за снимање филмови


Режисерите Дарјан Пејовски и Изер АЛиу добија по 35 милиони денари или по речиси 570 илјади евра за снимање долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел. Во вториот рок на одлучување од конкурсот за финансирање на филмови што го распиша Агенцијата за филм во јануари годинава поддржани се 14 филмски проекти во различни категории. Со […]

МАНУ ќе промовира три изданија посветени на Блаже Конески


Македонската академија на науките и уметностите денеска напладне ќе промовира три изданија посветени на нејзиниот прв претседател, академик Блаже Конески,  роден на денешен ден во 1921 година. Ќе бидат промовирани „Епоха Блаже Конески“ од академик Георги Старделов, „Блаже Конески. Чествувања по повод јубилејот 50 години МАНУ“ – приредено од академик Луан Старова, и „Критички изданија […]

„Исцелител“ не влезе во потесна конкуренција за Оскар


Македонскиот филм „Исцелител“ и покрај интензивната промоција во Холивуд, за жал не успеа да влезе меѓу деветте филмови кои ќе се натпреваруваат за „Оскар“ во категоријата од неанглиско говорно подрачје. Филмот на режисерот Ѓорче Ставрески донесе голем број на награди и признанија и одлична промоција на Македонија како земја која врти нов лист во домашната […]

Влезниците за Стинг во ограничен број: Од 1.500 до 5.000 денари


Влезниците за концертот на поп-ѕвездата Стинг кој ќе се одржи на 2 јуни 2019 година во арената „Филип Втори“, ќе бидат во строго ограничен број, информираат од Авалон. Во договор со Cherrytree Management и Live Nation, организаторот, воопшто нема да ги пушта западна трибина (затоа што е далеку од бината) и источна трибина (затоа што […]

Даут пашин амам: Ретроспективна изложба на Танас Луловски


Дали празен простор (во музеј, галерија, црква, итн.) може да претставува уметничко дело?“. Ова сѐ уште актуелно прашање го поставил еден од првите концептуални уметници во македонската дваесет вековна уметност, доајенот Танас Луловски – Тане, кон крајот на 1983 година кога го разработува концептот на проектот „Антислика 79“. Сега, Националната галерија на Македонија повторно го […]

„Галеб“ од Чехов вечер премиерно во МНТ


Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов во режија на Нина Николиќ. Тоа ќе биде трето поставување на овој драмски текст од познатиот руски автор  во 73-годишната историја на МНТ, каде што „Галеб“ досега го поставиле режисерите Димитар Ќостаров во 1960 година и Бранко Ставрев во 1990 година. Нагласувајќи […]

Концерт на пијанистот Арчиули во МОБ


Италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули, еден од најоригиналните  изведувачи на денешната класична музичка сцена, вечер од 19 часот ќе настапи во Македонската опера и балет во рамки на зимскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“ и со поддршка на Амбасадата на Италија во Македонија. Дирекцијата на „Охридско лето“ соопшти дека репертоарот на Арчиули е огромен […]

Промоција на сликовницата „Огледало на културите“


Минатиот петок бевме сведоци на новата сликовница „Огледало на културите“ која осамна на истоимената изложба на културни артефакти на културите кои живеат во Македонија. Сликовницата цели кон претставување на културните заедници кои живеаат во Република Македонија преку еден поинаков, интерактивен начин на презентација на фактите на културните заедници. Во самата сликовница текстот е миниминалистички опишан […]

По третпат ќе се постави „Галеб“ на Чехов во МНТ


Премиерата на претставата „Галеб“ од А.П. Чехов во режија на Нина Николиќ ќе се одржи на 18 декември во Македонскиот народен театар во 20 часот. Станува збор за трето поставување на текстот „Галеб“, напишан од еден од најголемите руски и светски драматичари, Антон Павлович Чехов (1860-1904), во 73-годишната историја на Македонски народен театар. Претходно „Галеб“ […]

Новогодишен концерт на Македонската филхармонија со Дуо Гурфинел


„Точно на полноќ“ е насловот на гала-новогодишниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи во понеделник, на 24 декември во 20 часот. „На програмата се популарни дела од класичната музика, кои ќе не поведат низ пределите на студената Русија до топлиот Бразил, ќе ни ја покажат виенската галантност, но и унгарскиот уникатен фолклор, или […]