Хуманитарна изведба на претставата „Ревизор“ на ФДУ


Студентите на Факултетот за драмски уметности организираат хуманитарната изведба на претставата „Ревизор“, в петок, во 20.30 часот, на академската сцена. Претставата ќе ја одиграат студентите по актерска игра од четврта година во класата на Мими Таневска-Србиновска и Ангелчо Илиевски. Влезот на претставата е со донации во висина од можностите и желбата на посетителите. Сите средства […]

АВМУ: Радијата можат да пријават емитување домашна музика до петок


Радијата можат да пријават емитување домашна музика во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) до петок (8 февруари). Советот на АВМУ на вчерашната седница донел насоки со кои се утврдуваат роковите за пријавување, жанрот и времето за емитување музика. – За доброволно пријавениот процент на домашна музика, односно за музика на македонски и […]

Милчо Манчевски награден во САД со „Curator’s Choice“


Краткиот експериментален филм „Крајот на времето” на режисерот Милчо Манчевски ја доби наградата „Curator’s Choice“ на американскиот патувачки филмски фестивал за кратки филмови „Wandering Reel Traveling Film Festival“. „Крајот на времето” е кубанско-американска копродукција по сценарио и режија на Милчо Манчевски, експериментален филм кој Кетлин Мекинис, директорката на фестивалот во Аспен го нарече „хипнотичен и […]

Триумф на македонскиот филм „Медена земја“ на „Санденс“


Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“, во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфира во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“). На церемонијата што се одржа во саботата на 2 февруари, во Парк Сити, Јута, САД , „Медена земја“ ja доби големата награда на жирито […]

„Љубојна“ и Филхармонија вечерва со ексклузивен концерт


Македонскиот музички состав „Љубојна“ вечерва ќе одржат екслузивен концерт заедно со Македонската филхармонија. Музиката која ќе биде изведена е нова и оркестрирана и аранжирана од диригентот Џијан Емин. Како што најави вокалистката на „Љубојна“, Вера Милошевска – Јосифовска, идејата за ваков концерт се родила спонтано како резултат на дружбата и соработката со Емин. – Идејата […]

Медот на Атиџе се дегустираше во САД


Со овации, одушевување и долг аплауз реагираше публиката по премиерата на македонскиот документарен филм „Медена земја“ (Honeyland), која се одржа на 28 јануари во Јута, САД, во рамки на фестивалот за независен филм „Санденс“ (Sundance). Критичарите ги бележеа своите импресии уште за време на проекцијата, а само неколку часа по премиерата тие се огласија со […]

За „Роман на годината“ ќе се натпреваруваат 36 романи


На годинашниот јубилеен 20-ти конкурс за престижната награда „Роман на годината“ пристигнаа дури 36 романи. Како што соопштуваат од Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, која ја доделува оваа награда, жири-комисијата во состав Фросина Пармаковска, минатогодишна лауреатка на ова признание и воедно претседателка на жири-комисијата, Богомил Ѓузел, Сашо Прокопиев, Елизабета Баковска […]

Глобалната поетска акција за свет без зидови и во Скопје


Во светот (од Америка преку Европа, Среден Исток до Индија…) се издигнуваат нови ѕидови кои ги разделуваат луѓето. Бетонски ѕидови, ѕидови од бодликави жици, или невидливи многу високи ѕидови изградени за секаква нерамноправност. Поезијата ги урива ѕидовите, ѕидовите меѓу нас и ѕидовите внатре во нас. Во рамки на глобалната поетска акција во организација на Светското […]

Валандово ги изложи книгите што никој не ги изнајмил од библиотеката


Во Домот на културата во Валандово е поставена несекојдневна интересна изложба на одамна недопрени или заборавени книги, кои со децении ниту еднаш не биле позајмени од читателите на градската библиотека. По избор на библиотекарите, изложени се дваесетина книги од разни жанрови меѓу кои и оригиналното издание на епот Одисеја кој, откако библиотеката го добила во […]

Венеција и „интересните времиња“ на домашните уметници


Проектот на Музејот на современа уметност насловен како „Субверзија во црвено“ од авторката Нада Прља ќе биде годинешен македонски претставник на 58. Интернационална ликовна изложба во Венеција. Министерството за култура за овој проект ќе издвои 4 милиони денари. На конкурсот пристигнале уште три апликации и тоа на НУ Национална галерија на Македонија за проектот „Мирисот […]

Нада Прља со „Субверзија во црвено“ оди на Венециско биенале на уметноста


Проектот на Музејот на современа уметност насловен како „Субверзија во црвено“ од авторката Нада Прља ќе биде годинешен македонски претставник на 58-та Интернационална ликовна изложба во Венеција. Како што информираше Министерството за култура, на конкурсот пристигнале уште три апликации и тоа на НУ Национална галерија на Македонија за проектот „Мирисот на лебот“ од авторот Нехат […]

Кочани бара професионален театар


Штип – Во источниот регион само Штип има професионален театар, а сега тоа го бара и Кочани. Дваесетина културни работници и уметници од овој град собраа потписи во знак на поддршка на иницијативата на градоначалникот Николчо Илијев за формирање професионален театар. Градоначалникот Илијев викендов имаше средба со потписниците на идејата. Кочанските работници во културата всушност […]

Документарецот за Мајкл Џексон ја шокираше публиката


Најголемиот американски фестивал на независниот филм „Санденс“ овој петок премиерно го прикажа документарниот филм „Напуштајќи ја Недојдија“ за кралот на попот Мајкл Џексон. Она за што сите релевантни медиуми известија е дека филмот изобилува со експлицитна содржина како потврда за педофилските склоности на поп-иконата. Точно десет години по неговата смрт, четиричасовниот филм ја оставил публиката […]

Ревија на македонски филмови во Центарот за култура во Битола


Центарот за култура-Битола во своето 3Д-Кино од вечер до 3 февруари ќе ја промовира македонската кинематографија. За филмофилите од овој град ќе бидат емитувани 11 нови и постари филмови од истакнати македонски режисери, а ревијата ќе почне со филмот „Кобра“ на режисерот Игор Иванов. -На филмското платно ќе бидат и проекциите на филмовите „Соба со […]

Кумановскиот Центар за култура со години без греење поради украден систем за затоплување


Повеќе од една деценија нема греење во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. Во зимскиот период нема настани, манифестации во главната сала, во малата сала, во изложбениот салон. Системот за греење што бил сместен во поранешниот „Текстилпромет“ во „Сума“ бил украден пред повеќе од деценија и оттогаш во зимските период не се одржуваат настани во […]

Вера Милошевска-Јосифовска: „Љубојна“ врти нова музичка страница


Ексклузивен концерт на „Љубојна“ со Македонската филхармонија ќе се случи на 1 февруари. Уникатноста на оваа соработка е во повеќе аспекти, но она што го откриваме сега е дека ќе се изведе нова музика, оркестрирана и аранжирана од Џијан Емин. Овој концепт е изненадување и за членовите на „Љубојна“, но имајќи предвид дека постојано се […]

Почина актерот Славко Нинов


На 74 годишна возраст, по кратко и тешко боледување почина актерот Славко Нинов. Целиот работен век го помина во МНТ, несебично вложувајќи се и на сцената и во раководењето на театарот. Незаборавни се неговите креации во претставите на режисерот Бранко Ставрев, а Нинов ќе остане запаметен и по извонредните интерпретации на стихови од македонските поети: […]

Славчо Ковилоски е лауреатот на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“


Славчо Ковилоски од Скопје, поет, прозаист и книжевен историчар е добитник на престижната награда „Григор Прличев“ што секоја година се доделува во чест на славниот охридски преродбеник. Поемата „Крале Марко по вторпат“ е избрана за најдобра поема на конкурсот за најдобро поетско дело за 2018 година. Ковилоски, роден 1978 година во Скопје, е автор на […]

Судири во Комисијата за култура: Развеал знаме во Валона, бараат да се слави во Македонија


Седницата на собраниската Комисија за култура беше прекината затоа што нејзините членови не се согласија дали треба на самата седница да се прифатат дополнителни предлози кои петчлената работна група не ги ставила во Предлог-програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2019 година, особено предлози кои не ги исполнуваат ниту нејзините […]

Богдановиќ: Продолжува финансиската поддршка за двете читални


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска ја посети читалната „Славко Јаневски“, каде донираше околу 100 нови книги. – Сакам уште еднаш да потенцирам дека читалните не ги затвораме, како што имаше шпекулации во јавноста. Општина Центар не само што ќе продолжи финансиски да ги поддржува, туку и понатаму ќе работиме на збогатување на книжевниот […]