Претставата „Ноќ на боговите“ ќе гостува во МНТ


Во Македонскиот народен театар на 10 мај ќе биде изведена претставата „Ноќ на боговите“ по текст на најизведуваниот хрватски драмски писател Миро Гавран, во режија на Марко Манојловиќ од Србија.

Во оваа трагикомедија со елементи на фарса играат српските актери Војин Ќетковиќ во улогата на Луј XIV, Дејан Луткиќ во улогата на Дворскиот шут и Небојша Илиќ во улогата на Молиер.

Оваа динамична драма на Гавран за љубовта, пријателството и владеењето во изминатите 25 години имала 19  театарски премиери низ светот. 

Авторот Миро Гавран  за оваа своја драма вели дека е полна со неочекувани пресврти со кои се дава изобилство материјал за градење уверливи улоги.