Востановена регионална музичка награда „Милан Младеновиќ“


 

Белград одлучи: Милан Младеновиќ ќе добие споменик

Годинава за првпат ќе почен да се доделува нова регионална награда која има за цел да го слави уметничкото творештво. Насловена по Милан Младеновиќ, фронтмен и основач на култниот бенд „Екатерина Велика“.

„Наградата ќе се доделува за музичко дело со извонредна уметничка вредност и секоја година на денот на роденденот на Милан Младеновиќ на 21 септември ќе се одбира по еден победник. Право да влезат во конкурсот имаат сите музички дела издадени на територијата на бившата југословенска земја во период од 30 јуни минатата година до 30 јуни годинава“, соопштуваат од новоформираната фондација „Милан Младеновиќ“ од Белград.

Младеновиќ е роден во Загреб 1958 година, а почина во Белград во 1994 година. Кон крајот на 1981 година тој ја формираше „Катерина II“, која подоцна го промени името во „Екатерина Велика“.
Младеновиќ беше автор на повеќето текстови од тој состав. Во бендот, запаметени како „црна тројка“ која од самиот почеток до самиот крај беа постојани членови се и Бојан Печар и Маргита Стефановиќ – Маги.

Сите детали околу наградата може да ги прочитате ТУКА.