Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на српски јазик


Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски неодамна излезе на српски јазик. Преводот е на Милена Илиќ, а книгата ја објави издавачката куќа „Тречи трг“ од Белград. Авторка на дизајнот на корицата е Дина Радоман. Српското издание на романот беше промовирано во рамки на 16-то издание на Белградскиот фестивал на поезијата и книгите, кое […]

Денови на германскиот филм од 15 до 18 октомври


Со проекција на филмот „Јас сум твојот човек“, добитник на Германската филмска награда за 2021 година, в сабота (15 октомври) од 20 часот во Кинотеката ќе биде отворен годинашниот фестивал Денови на германскиот филм. Фестивалот го организира Амбасадата на Германија во земјава, во соработка со Кинотеката, Балканскиот центар за соработка „Лоја“ во Тетово и Куќата […]

Министерството за култура ќе ги објави годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес за 2023


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе одржи прес-конференција по повод објавувањето на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година. Како што информираат од Министерството за култура, прес-конференцијата ќе се одржи напладне во Медија центарот во Владата на Република Северна Македонија  .

Концерт на Македонскиот брас квартет во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија


  Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечер со почеток од 19:00 часот, ќе одржи концерт Македонскиот брас квартет. Музичката формација во состав: Стојанче Косовски – труба, Александар Златески – труба, Горан Јанев – хорна, Владан Дробицки – тромбон ќе исполни познати музички дела од: Г. Ф. Хендл, Х. Персел, Џ. Ф. […]

Почнува Официјалната програма на ОСТЕН Биеналето на цртеж – Скопје 2022


Со самостојната изложба на уметницата од Грција Александра Стампали – „Забранет дијалог“ и со изложба на слики со дела од Салвадор Дали од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж вечер започнува Официјалната програма на ОСТЕН Биеналето на цртеж – Скопје 2022. -Во текот на своето повеќедецениско работење, ОСТЕН воспостави процес на вреднување на уметничките дела […]

Со настапот на проширениот Exploding Star Orchestra на култниот Роб Мазурек стартува 41. издание на Скопскиот џез фестивал


Со концерт на ансамблот Exploding Star Orchestra, предводен од неприкосновениот лидер на чикашката авангарда, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек, вечер во Скопје ќе биде отворен годинашниот 41. Скопски џез фестивал. Организаторите порачуваат дека императив и годинава во внимателно составената програма е сочувување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој […]

Промоција на книгата „Моделирање на институциите во уметноста и културата“ од Биљана Тануровска-Ќулавковски


Книгата „Моделирање на институциите во уметноста и културата“ од Биљана Тануровска – Ќулавковски ќе биде промовирана вечер во Културно-информативниот центар – Скопје. Книгата е во издание на Ми-Ан. Книгата ќе ја промовираат Лорета Георгиевска – Јаковлева, Славчо Димитров и Роберт Алаѓозовски. Биљана Тануровска – Ќулавковски е културен работник- истражувач, куратор, продуцент, ко-основач на организации, мрежи, […]

Драмскиот театар доби специјална награда на фестивалот „Јоакимфест“ во Крагуевац


Драмскиот театар – Скопје е добитник на една од двете награди што ги доделува стручното жири на 17-то издание на Меѓународниот фестивал „Јоакимфест“, кој се одржува од 7 до 12 октомври во српскиот град Крагуевац. Како што информираат од Драмски театар, специјална награда на Градот Крагуевац е доделена на глумците на претставата во драматизација на […]

Научен собир: Јован Павловски ја поставува македонската културна и национална историја


Јован Павловски ја поставува македонската културна и национална историја како рамка без која не би можела да се склопи „рубиковата коцка“ на личниот и колективниот идентитет на Македонците. Во прозата на Павловски постојат имагинарни светови, во кои реалноста е јасно присутна и препознатлива, без оглед на тоа дали некое дело ќе биде доминантно модернистички прочитано […]

„Светот на Биби“ потпиша петгодишен договор со српската издавачка куќа „Лагуна“


 „Светот на Биби“ потпиша петгодишен договор со српската издавачка куќа „Лагуна“. Со овој договор, како што информираат продуцентите од „Светот на Биби“, „Лагуна“ го има ексклузивното право на териториите каде што се зборува српски, во целиот свет, да ги издава, продава и дистрибуира книгите, сликовниците, друштвените игри и сите други производи од „Светот на Биби“. […]

Драмски театар на „Мал театарски формат“ во Зајечар со монодрамата „Кармен“


Драмски театар Скопје вечерва со монодрамата „Кармен“ ќе гостува на фестивалот „Мал театарски формат“, кој се одржува од 11 до 15 октомври во Зајечар. Фестивалот го бележи своето петто издание, а ќе се изведат шест монодрами и дуодрами од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија. Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет […]

„Зад кулисите“- изложба на уметнички фотографии на Александар Томовски во МКЦ


Александар Томовски, утревечер, во 20 часот, (13.10.2022) во МКЦ ја отвара изложбата на уметнички фотографии „Зад кулисите“.   – Како фотограф кој фотографирал од инсекти до ѕвезди, природа, портрети, улици, настани.. можам да кажам дека балетската фотографија носи најголеми предизвици, но затоа и најмногу наградува. Приказната соодветно започнува во холот на МОБ, пред неколку години со […]

Уметнички активизам за подигнување на свеста – започна пректот Простор за разговор 


Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, го започна проектот „Простор за разговор“ или „Dancing (Talking) Table“ со кој, преку уметнички активизам сака да ја подигне свеста за родовата еднаквост и ненасилство врз жените. Проектот се базира на вистински животни приказни, чии сценски рефлексии ќе бидат отсликани преку современ танцов перформанс. […]

„Анадолски леопард“, „Чичко“ и „Безгрешен“ се наградените филмови на МФФ „Киненова“


Филмовите „Анадолски леопард“ на Емре Кајис, „Чичко“ на режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ и „Безгрешен“ на Моника Стан се наградени на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“.   Жирито синоќа на свеченост организирана во Кинотека на Северна Македонија ги соопшти добитниците. Посочија дека имале можност да погледнат 15 прекрасни кратки филмови и исклучителни осум долгометражни […]

„За жените Манчевски има направено повеќе од многубројни феминистки“.Постковид премиера на „Врба“ во Србија


Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски имаше кинопремиера во Србија, првин во култниот Културен центар на Белград, потоа во Нови Сад, а понатаму се прикажува и ширум земјата. „Врба“ на кинорепертоарот во Србија доаѓа две и пол години по фестивалската премиера на белградски ФЕСТ – премиерата во српските кино-сали беше закажана за почетокот на 2020, но […]

Премиера на документарниот оскаровец „Summer of Soul“ во предвечерието на 41. Скопски џез фестивал


Во рамки на фестивалската „програма-плус“ на 41. Скопски џез фестивал, вечер во Кино Фросина, со почеток во 20 часот, ќе биде премиерно прикажан музичкиот документарец „Summer of Soul (…Or, When the Revolution Could Not Be Televised)“. Станува збор за филмско деби остварување на познатиот американски хип-хоп артист Амир „Квестлав“ Томпсон, кој претставува дел музички филм, […]

Научен собир за Јован Павловски по повод 85 години од неговото раѓање и 65-годишната творечка дејност


  Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, денеска, напладне, во просториите на ИМЛ, ќе ги одбележи двата јубилеја на македонскиот писател, поет, раскажувач, енциклопедист и публицист Јован Павловски: 85 години од неговото раѓање и 65 – годишната творечка дејност. Собирот ќе го отвори претседателката на Организациониот одбор проф. д-р Лорета […]

„Летото кога научив да летам“, „Враќање во тие денови“ и „Смена“ – најдобри играни филмови на „Џифони“


 „Летото кога научив да летам“, српско-хрватско-бугарска копродукција во режија на Радивоје Андриќ, полскиот „Враќање во тие денови“ од Конрад Аксинович и италијанско/белгискиот „Смена“ од Алесандро Тонда ги освоија срцата на јуниорите, кадетите и сениорите на „Џифони Македонија“ годинава, кои ги прогласија за најдобри играни филмови во секоја од трите категории. Полскиот режисер Аксинович беше присутен […]

Бедија Беговска се приклучи на актерскиот тим во ТВ серијата „Балканска приказна“


Македонската актерка Бедија Беговска, доајен на Турскиот театар во Скопје се приклучи на актерскиот тим во ТВ серијата „Балканска приказна“ која се снима во Скопје и привлече големо внимание во Турција и во Македонија. Бедија Беговска ја игра улогата на Нина, сестра на Елена (Сузан Акбелге) и 35 годишната тајна љубов на Ќофтеџи Сулејман (Ердал […]

Првите филмови на Михаел Ханеке на „Киненова“


  Во Кинотеката на Северна Македонија синоќа свечено беше отворена програмата „Посветено на Михаел Ханеке“ која фестивалот ја реализира во соработка со Амбасадата на Австрија.  Пред присутните се обрати амбасадорот, Н.Е Георг Вуцас, кој се осврна на творештвото и животниот пат на истакнатиот австриски режисер и сценарист. -Почестени сме и мошне горди што МФФ Киненова […]