Едночасовна музејска тура во Музејот на современа уметност за 11 Октомври


Утре, по повод 11 октомври – Денот на народното востание, Музејот на современата уметност – Скопје ќе ги отвори вратите за сите посетители. -Нашиот кустос Бојана Јанева ќе направи прошетка и музејска тура од 13 до 14 часот за сите посетители низ актуелните изложби. Влезот ќе биде бесплатен – се вели во објавата на Музејот […]

НУ Народен театар гостува на фестивал во Бјалисток, Полска


Ансамблот на НУ Народен театар – Битола отпатува за полска каде на 13 октомври во градот Бјалисток, во рамки на тамошниот фестивал ќе биде изведена претставата ,,Бакхи – Краток преглед на распадот” во режија на Игор Вук Торбица. Во претставата главната улога ја толкува Маја Андоновска Илијевски, а настапуваат и Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван […]

Ењеди, Бегиќ, Маринковиќ, Стараче и Венинова во жири на „Киненова“


Илдико Ењеди од Унгарија, Аида Бегиќ од Босна и Херцеговина, Паво Маринковиќ од Хрватска, Симоне Стараче од Италија и Елеонора Венинова од Северна Македонија, се годинешните членови на жирито кое ќе одлучува за главната натпреварувачка програма составена од осум филмови и за кратките филмови на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Режисерката Илдико Ењеди е годинешниот лауреат […]

Комичната претстава „Лагата“ во сабота во МНТ


На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) во сабота, 15 октомври, премиерно ќе биде одиграна комичната претстава „Лагата“, работена според текст на современиот француски писател, драматург, сценарист, театарски и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи.   Во комедијата, која во нашата земја се поставува за првпат, игра актерската екипа – Јордан […]

„Се викам Горан Стефановски“ на Драмски театар гостува на „Јоакимфест“ во Крагуевац


Со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ („Се викам Горан Стефановски“), Драмски театар-Скопје утре ќе гостува на 17. Меѓународен фестивал „Јоакимфест“ во Крагуевац. Режисер на претставата е Бранислав Миќуновиќ, долгогодишен професор на Факултетот за драмски уметности во Белград и Цетиње, а драматург е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во […]

Швајцарската актерка со македонско потекло Јана Секуловска на „Џифони Македонија“, фестивалот вечер завршува


  Со прикажување на творбите создадени на креативните работилници организирани во изминатите шест дена, вечер во 19 часот во киното „Милениум“ ќе биде затворено 10. издание на Меѓународниот филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Шесте дена исполнети со филмска уметност, дискусии, разговори, полемики, многу забава, но и креација обединети под едно име, ќе бидат заокружени […]

Виртуелен саем на Книга.мк до 16 октомври


Од 9 до 16 октомври се одржува виртуелен саем на Книга.мк (kniga.mk), каде што може да нарачаат книги 24 часа во денот. Во понудата се белетристика, трилери, книги за деловен и личен развој… Учествуваат 16 издавачки куќи со понудени над  700 наслови и попуст  до 70 проценти од некои издавачки куќи. – Замисли дека влегуваш […]

„Далга“ – концерт на Филхармонија со Дино Имери во Скопје и во Белград


Оркестарот на Филхармонија во среда, 12 октомври, ќе одржи концерт насловен „Далга“ на кој како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери. Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија. Како што соопштија од Филхармонија, Имери настапува наместо шпанскиот гитарист Рафаел Агире, кој поради болест го откажа гостувањето во Скопје.  На програмата се „Пијан танец – Пајдушко“ од македонскиот композитор Сони […]

Проекција на документарниот филм „100 години од „Улис“ во рамки на МФФ „Киненова“


Во рамки на седмото издание на МФФ „Киненова“, синоќа имаше проекција на документарниот филм „100 години од „Улис“ (100 years of Ulysses) по повод 100 години од објавувањето на  романот „Улис“ од Џејмс Џојс.   -Откако минатата година на МФФ „Киненова“ првпат беше претставена ирската кинематографија, годинава соработката продолжи со програмата „ Фокус на Ирска“ […]

На „Интерфест“ во Битола поетска вечер посветена на Славко Јаневски


   Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ продолжува со поетска вечер и музички рецитал кои ќе бидат изведени во битолскиот Офицерски дом. Публиката во Битола ќе посведочи на избрани дела од големиот опус на македонскиот поет, писател, прозаист Славко Јаневски (1920-2000) кои ќе ги изведе доајенот на македонското глумиште, битолскиот актер Петар Мирчевски. Според програмата, […]

Трпчески одушеви и во Загреб на концертот со Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон


  Турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон со пијанистот Симон Трпчески и диригентот и уметнички директор на оркестарот Василиј Петренко вечер продолжува во Вроцлав, Полска, а на 12 октомври ќе заврши во Каунас, Литванија. Нашиот пијанист своите концертни настапи до крајот на месецов ги продолжува во Романија, Ирска и САД. Трпчески кого хрватскиот печат […]

Која е Ани Ерно, добитничка на Нобеловата награда за литература?


Стокхолм– Ани Ерно е добитничка на Нобеловата награда за литература за 2022 година, а оваа престижна награда ја заслужи „за храброста и клиничката прецизност со која ги изложува корените на отуѓувањето и колективните ограничувања на личната меморија“, објави во Шведската кралска академија Матс Малм, постојан секретар на Нобеловиот комитет. Тој го најави и врачувањето на […]

Мастерклас на „Импров Настап“ и ленд арт уметници од Италија на „Џифони Македонија“


Што се случува кога театарската сцена и публиката стануваат едно? Кога публиката има можност да одлучува за судбината на ликовите на сцената? На овие теми со учесниците на фестивалот „Џифони Македонија“ ќе разговараат членовите на „Импров групата Настап“ денеска во 16 часот во киното „Фросина“ во Скопје. Актерите Наталија Теодосиевска, Мартин Манев и Сергеј Димовски […]

Отворено 7. Издание на МФФ Киненова: Награда за особен придонес во филмската уметност за Илдико Ењеди


  Со врачување на наградата за особен придонес во филмската уметност на унгарската режисерка Илдико Ењеди и проекција на хрватскиот филм „Чичко“ синоќа  беше отворено седмото издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, фестивал кој промовира први и втори филмски остварувања на авторите од целиот свет.   -Годинава наградата за особен придонес во филмската уметност ја […]

Промоција на публикација и истражување за субкултурата во Скопје


Во организација на Одделението за едукација на Манифеста 14 денеска ќе се одржи промоцијата на публикацијата „Мапирање на супкултурите“, која помогна да се расветли природата на супкултурните движења во Приштина, Скопје и Тирана. Автори на истражувањето во Скопје се Артан Садику и Ѓорѓе Јовановиќ, а е спроведено во рамки на 14- тото издание на Манифеста […]

Научен собир за Јован Павловски – 85 години од неговото раѓање и 65 годишната творечка дејност


  Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, во среда (12 октомври) во 12 часот, во просториите на ИМЛ,  ќе ги одбележи двата јубилеја на македонскиот истакнат писател, поет, раскажувач, енциклопедист и публицист Јован Павловски: 85 години од неговото раѓање и 65 годишната творечка дејност. Собирот ќе го отвори претседателката на […]

Стрипманија во Скопје: Билота и Џерази два часа им одговараа на љубопитните џифонци


Мастеркласот на ѕвездите на италијанскиот стрип Алесандро Билота и Серџо Џерази и Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во Македонија вчера привлече огромно внимание кај учесниците на „Џифони Македонија“. Два часа траеше средбата со големите имиња на италијанскиот стрип, автори, меѓу другото, и на култниот „Дилан Дог“ во Денот посветен на италијанскиот стрип во Младинскиот културен […]

Наградата „Даница Ручигај“ за Вања Изова Велева за книгата „Место за бегство“


Наградата „Даница Ручигај“ за 2022 година, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, ќе ја добие Вања Изова Велева за книгата „Место за бегство“. Ова го одлучи жири комисијата во состав: Васил Дрвошанов (претседател) и Ивица Челиковиќ и Зоран Пејковски (членови) . Стихозбирката на Вања Изова Велева содржи 30 песни поделени во три циклуси: […]

Македонскиот филм „Мими“ од 13 октомври со кино проекции низ државата


Македонскиот долгометражен игран филм „Мими“ на режисерот Даријан Пејовски од 13 октомври ќе почне со кино проекции за македонската публика. Љубителите на домашниот филм, ќе може да го погледнат филмот во кината „Синеплекс“ и „Милениум“ во Скопје, и во дел од градовите низ државата. Како што соопштија од тимот на филмот, станува збор за психолошка […]

„Балканска приказна“ наградена за „Најдобра ТВ серија“ од Федерацијата на балканските здруженија Румели


Телевизиската серија „Балканска приказна“ што се снима во Скопје а веќе неколку месеци се прикажува на Турската национална телевизија, доби награда за „Најдобра ТВ серија“ од Федерацијата на балкански здруженија Румели во Истанбул. Наградата ја подигнаа главните актери Ердал Озјаџилар, Мерих Озтурк и Селвије Хуријет. -Наградата ја добиваме во име на целиот тим на Балканската […]