Концерт на Танго трио во КИЦ-Скопје


 

 

Танго трио вечер ќе одржи концерт во Културно-информативниот центар – Скопје.

Во состав на Танго трио се Ајхан Куртов – пијано, Филип Петрески – хармоника и Пламенка Трајковска – виолина и Мартина Митревска – вокал (како гостин).

-Танго трио сосема ги проучува и ги пренесува тајните на танго музиката пред аудиториумот, како на концертната сцена така и на подот за танцување и сосема го вовлекува слушателот во танго магијата, соопшти Културно-информативниот центар – Скопје.

На концертот ќе има танго музика која припаѓа на класичниот репертоар, музичка програма во стилот на танго традиционал и музичка програма во стилот на танго нуево.