„Народен непријател“  на МНТ дел од Меѓународниот фестивал на актерот во Црна Гора


Со претставата „Народен непријател“, Македонскиот народен театар (МНТ) утре ќе учествува во натпреварувачкиот дел од програмата на 18. издание на Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора.

Во натпреварувачкиот дел од програмата на фестивалот, кој се одвива од 7 до 12 ноември, ќе бидат изведени шест театарски претстави од Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Хрватска и БиХ.

Во претставата „Народен непријател“ играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Од МНТ информираат дека доделувањето на наградите ќе се одржи на 13 ноември, кога фестивалот и свечено ќе биде затворен, а во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Народен пратеник“ во продукција на Никшиќко позориште.

Следните изведби на „Народен непријател“ се закажани во МНТ на 24 и 25 ноември, а билетите се достапни преку веб-страницата на театарот.