Концерт со филмска музика на гудачкиот камерен оркестар „АРКО“


 

Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“ под диригентска палка на Ерхан Шукри вечер со почеток во 20 часот ќе одржи целовечерен концерт со филмска музика во Музејот на македонската борба.

На програмата, како што е најавено, ќе се најдат филмски музички теми од познатите композитори М. Џиакино, Х. Манчини, Х. Цимер, М. Хамлиш, В. Стефановски, Ф. Атакоглу, Е. Дога …

Влезот е слободен, а посетителите ќе може да уживаат во музиката од филмовите „Star Track“ (Ѕвездени патеки), „Инспекторот Клузо“, „Пацифик“, „Величенствениот“, „Џипси сонг“, „Skyfall“…