Среде воените урнатини во Украина, Банкси сее уметност


Гимнастиларката на Банкси на урнатините од зграда во Бородјанка блису Киев

 

Сред урнатините на војната, цветање на уметноста.

Нежна слика на гимнастичарка која стои на раце се појави на ѕидот на урната зграда надвор од Киев и се чини дека е дело на британскиот графити уметник познат како Банкси.

Банкси објави фотографии на својата страница на Инстаграм од уметничкото дело во Бородјанка, северозападно од главниот град на Украина.

Градот беше цел на гранатирање и борби во раните фази на руската инвазија, која ги претвори станбените згради во јагленисани, бомбардирани „сеништа“.

Муралот на гимнастичарката е црно-бел и е обоен така што таа изгледа како да стои на рацете на стутканите остатоци од бетонски блокови кои ѕиркаат од поцрнетиот ѕид. Над неа се издигнати издлабените, разнесени утроби на некогашните станови.

Друг мурал во градот – на мало момче кое прави џудо фрлање врз маж – исто така изгледаше како да е на Банкси, иако тоа не беше објавено на неговата страница на Инстаграм.

Претседателот Владимир Путин од Русија е џудо практикант.

Слика слична на Бенкси, исто така црно-бела и повторно не потврдена како негова од самиот Банкси, исто така се појави на ѕидот на зградата оштетена од војна во градот Ирпин, на северозападната периферија на Киев.

На него е прикажана ритмичка гимнастичарка која прави пируета со лента, преку отцепена дупка во ѕидот. (АП)