Никола Ристановски е најтрофеен актер во историјата на македонскиот театар – Гран при и во Никшиќ


Никола Ристановски е добитник на наградата Гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ.
Оваа награда му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови.
Таа е трета награда по ред за истата улога по оние на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, и на фестивалот „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, Србија.
Истовремено таа е и уште една театарска награда во низата награди која тој ја добива, а со тоа е и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.
 Во текот на својата кариера, Ристановски (53) играл во 41 претстава и во 15 филмови при што освоил 28 награди, со што тој е најнаградуваниот македонски глумец. Најмногу соработувал со Александар Поповски (10 претстави и 3 филма), а најмногу настапи имал во претставата “Буре барут” (над 150 настапи). Исто така, Ристановски имал богата кариера и во странство, каде што играл во популарните и наградувани претстави “Господа Глембаеви” и “Дервишот и смртта“. Во 2016 година, Ристановски настапил во филмот „Игла под прагот“ на црногорскиот режисер Иван Мариновиќ.