Објавен седмиот графички роман Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст


Издавачот Бункер, во рамките на едицијата Апслоутни почетници, го објави седмиот графички роман Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст, од германскиот автор и цртач Рајнхард Клајст. Зиги Стардаст е измислен лик создаден од Дејвид Боуви (името Зиги е земено од кројачки дуќан, кој Боуви го има приметено додека патувал со воз). Тој …

Објавен седмиот графички роман Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст Read More »

„2023, Година во чест на Ацо Шопов“- повеќе од 40 учесници на Третата зимска школа при УКИМ


Повеќе од 40 учесници од 17 земји присуствуваат на Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ) која до 28 јануари ќе се одржува виртуелно. Школата годинава е во знакот на одбележувањето на 100 години од раѓањето на поетот и книжевен преведувач Ацо Шопов …

„2023, Година во чест на Ацо Шопов“- повеќе од 40 учесници на Третата зимска школа при УКИМ Read More »

Протест за спас на МКЦ – се потпишува и петиција


Стотици граѓани од најразлична возраст се собраа денеска напладне, пред Младинскиот културен центар (МКЦ), каде со музичка програма на бројни изведувачи, потпишуваа петиција и протестираа во „одбрана на МКЦ“. На настанот организиран од колективот на млади музичари „Гола планина“, посетителите го изразија своето незадоволство од неодамнешните случувања со центарот и побараа МКЦ да не се …

Протест за спас на МКЦ – се потпишува и петиција Read More »

Во руската Дума се бара „Архипелагот Гулаг“ да биде исфрлен од школската програма


  Во руските училишта е неопходно да се „врати историската правда“ и да се отстрани „Архипелагот Гулаг“ на Александар Солженицин од наставната програма за литература. Ова го изјави Дмитриј Вјаткин, прв заменик-шеф на пратеничката група на Единствена Русија во Државната дума. Пратеникот повика да се напуштат книгите кои „не го издржале тестот на времето, а …

Во руската Дума се бара „Архипелагот Гулаг“ да биде исфрлен од школската програма Read More »

„Грло“, „грлниче“… елемент од познатата женска македонска народна носија


Рачната изработка на „грло“ како елемент од народната носија е врвна креативност и умешност на македонската жена од сите краишта, од Битолско Поле, Прилепско, Дебарца, Струшко, Бојмија, Овче Поле, Горна Река или Мавровско Поле. Називот „грло“ во различни пределски целини има различни именувања и затоа освен како „грло“ во Цапарско Поле, се употребуваат и термините …

„Грло“, „грлниче“… елемент од познатата женска македонска народна носија Read More »

Протестен собир, денеска напладне, „Сите за МКЦ“


На платото пред Младинскиот културен центар (МКЦ) — Скопје, утре ќе се одржи собир во одбрана на МКЦ, во организација на колективот „Гола планина“. Собирот ќе почне точно напладне и е предвидено да трае до 16 часот. Според најавата за настанот на Фејсбук, целта е „сите ентузијасти и љубители на независната култура, заедно да го …

Протестен собир, денеска напладне, „Сите за МКЦ“ Read More »

Пендаровски покровител на „2023–Година во чест на Ацо Шопов“


Претседателот Стево Пендаровски е покровител на чествувањето на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, што ќе се одбележи со низа настани во текот на 2023 година. Чествувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов, е во соработка со Организацијата за образование, …

Пендаровски покровител на „2023–Година во чест на Ацо Шопов“ Read More »

Привршува конзервацијата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново- досега се исплатени над 360.000 евра буџетски средства


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска, како дел од посетата на преспанскиот регион, ја посети и црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Курбиново. При тоа, на премиерот Ковачевски му беа презентирани тековните градежни активности за заштита на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Курбиново, којашто претставува несекојдневен пример на византиската уметност …

Привршува конзервацијата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново- досега се исплатени над 360.000 евра буџетски средства Read More »

Македонската Асоцијација на кинематографери на Фестивалот БалКам во Љубљана


Македонската Асоцијација на кинематографери (МАК), на иницијатива на Словенечката, учествува на третото издание на Фестивалот БалКам (Балканска камера), што се одржува од 18 до 20 јануари во Кинотека на Словенија во Љубљана, а на кој се прикажуваат филмови од поранешните југословенски републики со акцент на кинематограферската работа и кинематограферите како автори. Македонската Асоцијација на кинематографери …

Македонската Асоцијација на кинематографери на Фестивалот БалКам во Љубљана Read More »

Велес доби ново кино со најсовремена дигитална опрема


Со филмот „Аватар: Патот на водата“ синоќа во преполната сала „Бели Мугри“ во Велес почна со работа киното „Kиноверзум 3Д“ од Свети Николе. Филмот репризно ќе биде прикажан и вечер, во 21 часот, и в сабота и недела од 18 часот. Вечерва за најмладата публика од 17 часот ќе биде прикажан детскиот филм „Неверојатниот Морис“. „Киноверзум ЗД“ Велес на …

Велес доби ново кино со најсовремена дигитална опрема Read More »

Ковачевски и Костадиновска на увид на градежните работи во црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе го посетат Преспанскиот регион. Ковачевски и Костадиновска најнапред ќе го посетат старото училиште во село Љубојно, а потоа ќе го посетат локалитетот Курбиново и ќе извршат увид во градежните активности во црквата Св.Ѓорѓи. Потоа премиерот Ковачевски заедно со директорот на Агенцијата за …

Ковачевски и Костадиновска на увид на градежните работи во црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново Read More »

Современиот балет „Пепелашка“ во НОБ


Најновата балетска продукција од Националната опера и балет, современиот балет во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти ќе се изведе вечер и утревечер на сцената на Националната опера и балет. Приказната за „Пепелашка“ е преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од …

Современиот балет „Пепелашка“ во НОБ Read More »

„Ава“ – концерт на Филхармонија со саксофонистката Асја Фатејева


Оркестарот на македонската Филхармонија в петок, на 20 јануари, во 20 часот, ќе го одржи концертот насловен „Ава“, на кој како солистика ќе настапи една од најдобрите саксофонистки во класичната музика – Асја Фатејева од Крим/Германија. На програмата се Рапсодија за алт-саксофон и оркестар од Клод Дебиси, Концертот за саксофон и оркестар „Талахачи“ од Јакоб …

„Ава“ – концерт на Филхармонија со саксофонистката Асја Фатејева Read More »

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 34 романи


На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнаа 34 романи. Жири-комисијата, во состав Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски, Сашо Кокаланов и Катерина …

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 34 романи Read More »

Дигитализацијата на картотеките во Институтот за македонски јазик е патриотизам манифестиран со дела


Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска беше претставен целосно завршениот проект за дигитализација на сите картотеки, со што дигитализирани и трајно заштитени се пет милиони ливчиња, јазични записи грижливо и посветено собирани со децении на терен од вработените во Институтот, од бројни истражувачи, студенти и вљубеници во јазикот. Проектот се реализира во годината кога се одбележува 70 …

Дигитализацијата на картотеките во Институтот за македонски јазик е патриотизам манифестиран со дела Read More »

Меѓународен тим ќе го решава проблемот со влагата во црквата „Успение на пресвета Богородица“ на Трескавец


Прилепскиот завод и музеј оформи меѓународен тим за конечно решавање на најголемиот проблем- влагата и опасност за црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на Трескавец. Проблемот со влагата мора да се решава и не треба да се одложува, вели директорот на музејот Горан Цветкоски. На Министерството за култура му се доставени два проекти, а стручните лица …

Меѓународен тим ќе го решава проблемот со влагата во црквата „Успение на пресвета Богородица“ на Трескавец Read More »

Александар Прокопиев: „Танцот на шарените шамичиња“ ги поттикнува децата да не се откажуваат од своите соништа


Во присуство на многубројна публика од сите генерации, книжевници и новинари,  во топлиот амбиент на книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ беше промовирана новата сликовница „Танцот на шарените шамичиња“ од познатиот писател и книжевник Александар Прокопиев. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации на Сања …

Александар Прокопиев: „Танцот на шарените шамичиња“ ги поттикнува децата да не се откажуваат од своите соништа Read More »

„Мими“ на Даријан Пејовски со три проекции во Кинотеката


Вториот игран филм на Даријан Пејовски, „Мими“ ќе биде прикажан во три проекции во јануарската програма на Кинотеката, вечер, на 20 и 21 јануари со почеток во 20 часот. „Мими“ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Таа работи во трафиката кај својот вујко …

„Мими“ на Даријан Пејовски со три проекции во Кинотеката Read More »

„Вибрантен сликопис“- изложба на цртежи на Владимир Величковски во МКЦ


Во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на цртежи на професорот Владимир Величковски, насловена „Вибрантен сликопис“. – Величковски самиот потенцира дека својата прва самостојна изложба на слики ја организирал токму пред 50 години во тогашните простории на Домот на младите „25 Maj“, што се совпаѓа со минатогодишниот јубилеј …

„Вибрантен сликопис“- изложба на цртежи на Владимир Величковски во МКЦ Read More »

Виртуелна зимска школа за 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов


Со Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) на која ќе учествуваат над 40 странски македонисти од 17 држави ќе започне чествувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо …

Виртуелна зимска школа за 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов Read More »