Одеса и Украина што требаше да биде


Инвазијата на Владимир Путин на Украина доведе до вртоглаво покачување на цените на многу стоки. И тоа не е само нафта и гас. Од хуманитарен аспект, зголемената цена на храната, особено на пченицата, може да биде уште поголем проблем. Пред војната, Русија и Украина произведуваа речиси четвртина од светската пченица, а голем дел од неа …

Одеса и Украина што требаше да биде Read More »

Победата на Орбан ја згуснува темницата што ја голта Европа


Додека стоев во студена, неутешна толпа во центарот на Будимпешта доцна во неделата навечер, слушајќи го унгарскиот опозициски лидер Петер Марки-Зај како го признава поразот на изборите во земјата, Твитерот на мојот телефон беше исполнет со слики од убиени украински цивили во градот Буча. На некои од нив им беа врзани рацете зад грб. Покрај …

Победата на Орбан ја згуснува темницата што ја голта Европа Read More »

Во Србија триумфираше рускиот наратив


Веќе на крајот на изборниот ден на 3.4.2022 и покрај необјаснивата мрзеливост на Републичката изборна комисија, се дозна кои ќе бидат победниците на изборите 2022 за претседател на Србија, за парламентот и за Белград! Но, пред имињата на оние кои успеале во нив, однапред се знаеше еден победник и пред објавувањето на резултатите: Во Србија …

Во Србија триумфираше рускиот наратив Read More »

Изненадени и навредени


И во вакви тешки времиња, кога сите во светот имаат попаметна работа,  Бугарија не труе со нејзините комплекси околу бројот на Бугарите во Македонија. Се заканува повторно со вето, пишува реакции и ни дава задачи како да ги преброиме тие што, според оценка на Софија, треба да ја оправдаат нејзината безидејна политика и нејзината фиксација …

Изненадени и навредени Read More »

Априлилили


Денес некому ќе му биде априлилили, некому обичен ден, некому роденден, некому слободен ден, некому тажен ден, некому среќен ден, и во животот, и во работата . Животот не е шега, ама денес ќе се шегуваме на своја или туѓа сметка, некого ќе изненадиме, некого ќе го разочараме, некому ќе му дадеме надеж, некому храброст, …

Априлилили Read More »

Вие, рускиот народ, не сте наш непријател


„Не плашете се“. Тие беа првите зборови на првото јавно обраќање на првиот полски папа по неговиот избор во октомври 1978 година. Тие беа зборови што ќе го дефинираат папата Јован Павле Втори. Зборови кои ќе го променат светот. Јован Павле ја донесе пораката овде во Варшава на неговото прво патување дома како папа во …

Вие, рускиот народ, не сте наш непријател Read More »

Ова е почеток на нова ера во Вашингтон – и Путин е одговорен


Најпосле ќе излезам и ќе предложам нешто што би изгледало крајно бесмислено дури пред еден месец: ги гледам возбудувањата во Вашингтон за новата ера на … не сум сигурен како да го наречам. „Единство“ е премногу силно. „Двопартијство“ е прерано. „Де-партизираност“ е премногу незгодна. Но, се чини дека нешто ново се случува, а одговорен е …

Ова е почеток на нова ера во Вашингтон – и Путин е одговорен Read More »

Како голтарите станаа милионери


(Колумна за Дојче веле) Кога го видов насловот „Политичарите голтари станаа милионери“ објавен во речиси сите медиуми, изведен од изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, прво што помислив, еве една вистинска опозициска тема од највисок државен интерес која ја џвакаме и преџвакуваме најчесто безуспешно цели 30 и кусур години.  За жал, изненадувањето за „храброста“ …

Како голтарите станаа милионери Read More »

Тераса


Од симбол на ќеф, кафе и дружење стана симбол на будење, ослободување и дистанцирање, тука или во светот, не е важно. Домот за некого беше спас, за некого бегство, терасата за некого значи враќање на нормала, а за некого привид кој не вади од дома, но не и од реалноста. Сега, во првиот месец на …

Тераса Read More »

Ни брак, ни сватови, а можеби ни веридба


Еди Рама, албанскиот премиер, е специфично колоритен политичар не само за балканските простори, туку и за пошироки европски пространства. Кога неделава шефот на европската дипломатија (надлежен и за безбедноста) Жозеп Борел во Тирана ги повторуваше истите зборови кои ги кажа во Скопје – дека Албанија и Македонија одамна го заслужија отворањето на преговорите со ЕУ …

Ни брак, ни сватови, а можеби ни веридба Read More »

Апсењето на Бојко Борисов: шах и мат, но за кого?


Апсењето или притворањето на Бојко Борисов и неговите „соборци“ заврши со брзо ослободување и медиумска можност ГЕРБ да ја преземе улогата на жртви и демонстранти. На прв поглед, акцијата повеќе се покажа како автогол на премиерот Кирил Петков и министерот за внатрешни работи Бојко Рашков. Особено за вториот, затоа што во рок од 24 часа …

Апсењето на Бојко Борисов: шах и мат, но за кого? Read More »

Злоба и срам: Што би рекол Фјодор Достоевски


„О, как вы будете стыдиться своего поступка!“ , кнез Мишкин „Јас сум злобен човек“, вака започнуваат „Записите од подземјето“. Во првиот дел Достоевски го прикажува моралот на подземјето наспроти, да речеме, просветителството. Моралот затоа што во подземниот свет е пожелно да се биде злобен и да се срамиш од тоа. Овој дел ќе го оставам …

Злоба и срам: Што би рекол Фјодор Достоевски Read More »

Тројанскиот коњ на Ангел Димитров


(Колумна за Дојче веле) Ангел Димитров, копретседател на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за образовни и историски прашања на Бугарија и на Македонија, во екот на руската инвазија врз Украина испука една силна пропагандна ракета кон Скопје, Вашингтон, Брисел и еден проектил на пристојна одалеченост од својот премиер Кирил Петков, колку за опомена да внимава што работи. …

Тројанскиот коњ на Ангел Димитров Read More »

Родителите и сестра ми повеќе ѝ веруваат на руската телевизија отколку мене


Милиони Руси имаат роднини во Украина. Војната подели многу од нив. Огромен е бројот на Руси кои не им веруваат на своите роднини за она што се случува во Украина и инвазијата што ја изврши руската војка. Тие мислат дека многу од снимките за бруталното бомбардирање на украинските градови што им се испраќани од нивните …

Родителите и сестра ми повеќе ѝ веруваат на руската телевизија отколку мене Read More »

Подготовка за пораз


Ова го пишувам од Скопје, Северна Македонија, каде што бев последната недела да предавам на еден од нашите курсеви за Академија за лидерство за развој. Следењето на војната во Украина не се разликува овде во однос на достапните информации, освен што сум во соседната временска зона и фактот дека има поголема поддршка за Путин на …

Подготовка за пораз Read More »

Како Владимир Путин го загуби интересот за сегашноста


Благодарение на одлуката на Владимир Путин да ја нападне Украина, Русија сега е поизолирана од кога било. Економијата е под санкции, а меѓународните компании се повлекуваат. Медиумите се под уште поголеми ограничувања; она што остана од нив е ригорозна параноја, национализам и лаги. Народот ќе има сè помалку комуникација со други луѓе надвор од земјата …

Како Владимир Путин го загуби интересот за сегашноста Read More »

Долга економска зима


Руската инвазија врз Украина донесе огромни страдања на луѓето од погодените подрачја, но и долга и неизвесна економска зима во светската, пред сѐ европската, а со тоа и во македонската економија. Ова е неподелено мислење на економистите кои предупредуваат дека во глобални рамки земјите се соочуваат со период на економска стагнација проследена со висока инфлација …

Долга економска зима Read More »

Со што ѝ се заканува Путин на Македонија?


МНР вчера му врачи протестна нота на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин. Освен што Москва ја прогласи Македонија за непријателска држава бидејќи не ја поддржува нивната „специјална операција“ за убивање Украинци, амбасадорот јавно предупреди дека сите што ќе покажат изливи на русофобија ќе бидат внимателно евидентирани и за нив ќе следи правна постапка. Од кого и …

Со што ѝ се заканува Путин на Македонија? Read More »

8 Март


Денес, зад секое подарено и примено цвеќе се крие една желба, мит, заблуда, лага или вистина за тоа кои сме, што сме, што сме сакале да бидеме, до каде сме стигнале или во што сме се претвориле, дали сме напредувале, стагнирале, или сме се вратиле назад, со зборовите, делата, постапките, однесувањето, како поединци или држава, …

8 Март Read More »