Гастропода – лигави бизнис и тренд-господа
Звонко Давидовиќ Шетам по кејот на Вардар пред некоја вечер и гледам еден куп полжави како ползат по патеката во сите можни правци,со рокчињата ја испитуваат околината и се лигават движејќи се кон некоја нивна замислена цел. Помалите се движат по крајот на патеката, а оние големите по средина се лигават и лизгаат полека …