Загадено, според Уставот и законите


Марија Павлеска Пред два дена, на 31 октомври, Европската агенција за животна средина ја рангираше Македонија како најзагадена земја во Европа. Во извештајот на агенцијата, Македонија е „лидер во Европа“ со повеќе од една третина повисоки нивоа на PM 2,5 од земјата што следува по неа во извештајот. Наодите од извештајот се базираат на податоци […]

Лошите вести од ВМРО-ДПМНЕ се добри


Ерол Ризаов Лошите вести од ВМРО-ДПМНЕ се добри за Македонија. Распадот на единствената легална револуционерна партија во Европа може да го спречи претседателот Христијан Мицкоски ако поднесе неотповиклива оставка, која ќе означи почеток за консолидација на опозицијата. Надојденото цунами со оставки во партискиот врв ако ги збрише сите компромитирани наследници и послушници на Никола Груевски, […]

Дефокусирани од иднината


Никола Поповски Додека во Македонија јавноста жолчно се расправа во врска со тоа дали треба да се променат името и Уставот на земјата, дали да се даде амнестија на криминалот и тероризмот од секаков вид и дали треба да се одземе незаконски стекнатиот имот на гореспоменатите протагонисти, а во услови кога институциите се во активна […]

Расцеп каков што се очекуваше


Александра М. Митевска Во две фази досега, практично, се развива судирот во ВМРО-ДПМНЕ по донесувањето на одлуката во парламентот за пристапување кон уставни измени. Прво беше фазата на исклучувања од партијата и на разрешувања од функционерски позиции на пратениците кои гласаа за отворање на Уставот и на оние што се осомничени како „колаборационисти“ во обезбедувањето […]

Од сите страни Мицкоски сардисан


Ѓорѓи Спасов Ако политиката е „уметност на согледување на можностите за остварување на јасно дефинирани цели“, како што рекол германскиот државник Бизмарк, тогаш Христијан Мицкоски во овој момент е веројатно најлошиот уметник во Македонија. Тој во својот недамнешен говор во МНТ уште еднаш повтори дека клучна цел на неговата партија е македонскиот политички систем да […]

Ќе седне ли Иванов на обвинителна клупа


Ерол Ризаов Предистражна постапка за претседателот на државата Ѓорге Иванов отвори скопското јавно обвинителство. Даниела Рангелова, една од големите ударни сили од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, поднесе оставка на функцијата претседател на Унијата на жени. Иако двете вести беа очекувани, сепак одекнаа силно во јавноста како уште една најава дека Македонија се движи во вистинска насока […]

Скарани по помирувањето


Петар Арсовски Изгледа дека полесно СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе си простат едни на другите, одошто ВМРО-ДПМНЕ да си прости самата себеси. Како што почна да се расплетува ситуацијата во најголемата опозициска партија, така изгледа дека тие ќе останат заглавени во сопствената валпургиска судбина на подолг рок. Последното писмо од Мијалков до Мицкоски е само лајтмотив […]

Ракометот со загубен компас


Сашко Ѓ. Димовски Да се загуби од Грција во ракомет е еквивалентно на фудбалски пораз од Андора, на кошаркарски од Велс, на одбојкарски од Шкотска. Она што се случи викендов во Кожани претставува првокласно чудо. Го сервираше македонската машка репрезентација во квалификациски меч за Европското првенство во 2020 година. Ноншалантниот пристап, иритирачкиот однос и разочарувачката […]

Закон за главните виновници да станат херои


Ерол Ризаов Кога пред повеќе години во Јоханесбург и Кеjптаун на група македонски новинари и уредници ни раскажуваа како дошло до помирување во Јужна Африка по апартхејдот и ѕверските убиства и измачувања, нашите домаќини и колеги ги гледавме и ги слушавме вџашени со неверица, исчудувајќи се дали е тоа можно. Долги години вестите што ги […]

Национално бламирање за инстант-помирување


Ило Трајковски Во времето на транзиција низ кое одиме, одиме, одиме и никако да го изодиме, се урнисаа многу вредности. Се урниса смислата на многу работи кои ни беа важни, кои ни служеа како патокази на нашето однесување како луѓе, како родители и чеда, како соработници, колеги и како граѓани. Кој за што милува, но […]

По секоја цена


Здравко Савески Веќе подолго време предупредувам дека во тек е политичка игра, чија главна цел е по скратена постапка да се напика Македонија во НАТО и дека во таа операција сè ќе биде дозволено и сè ќе биде аминувано од САД и нивните гласноговорници. Трагикомедијата што се случи во Собранието најдобро покажа до која мера […]

Цимет


Лејла Сабит Есента срамежливо тропа на вратата на Македонија, сè уште не сака да ги избрка сончевите зраци од нашите улици, планини, кафе-дружења и гардеробери. Како превртлива, а убава дама, кокетира и со зимата, па нè предизвикува со ладни утра и ладни вечери. Есента е доба на нови предизвици, ни топло ни ладно, ни таму, […]

Пред Врховен и премиерите молат


Фросина Факова – Серафиновиќ Во петок поранешниот премиер Никола Груевски во судница дозна дека Апелацискиот суд ја потврди двегодишната затворска казна за незаконската набавка на блиндираниот „мерцедес“. Еден петок не му стигна никаков абер од судот за случајот „Тенк“, а веќе следниот петок среде уставната драма во Собранието стигна веста дека одлуката за затворската казна […]

Помирување…?


Александар Кржаловски Зборот „помирување“ го слушаме често деновиве, откако премиерот Зоран Заев го употреби од собраниската говорница со намера да ги мотивира пратениците од опозицијата да гласаат за почеток на постапката за уставни измени, а особено откако осумте пратеници од опозицијата, кои и навистина гласаа „за“ минатиот петок, го преточија во едно од своите четири […]

Умре царот, да живее царот


 Ерол Ризаов Нова гротеска, жална и смешна до солзи, е обидот Никола Груевски да се прикаже како светец, страдалник, жртва на домашни предавници и кодоши и странски нарачатели кои ја разнебитуваат Македонија и го обезличуваат македонскиот народ. Наследниците на тронот во партијата се здале да градат култ на личност со одамна добро познатата доктрина за […]

ВМРО расчисти со иднината


Љупчо Поповски Запрепастувачки е колку многу теории со стотици варијанти се појавија во толкувањето на она што се случи во ВМРО-ДПМНЕ по нивната Вартоломејска ноќ минатиот петок во Собранието. Де Христијан Мицкоски конечно ги презел уздите на партијата, де неговиот авторитет станал неприкосновен во раководството, де исклучувањата биле фингирани за јавноста да не забележи дека […]

Нека се помират и за 19 октомври


Александра М. Митевска За една држава, која се стреми кон членство во ЕУ и во НАТО, поразителен е податокот дека две третини од народните избраници се под полициска заштита на неодредено време поради гласање „за“ пристапување кон уставни измени чија финална цел е забрзување на процесот на евроатлантско интегрирање на земјата. Којзнае дали „бранителите“ на […]

Груевски ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ од затвор


Ерол Ризаов Во ВМРО-ДПМНЕ ништо ново. Очекувана празнична прослава за силно единство по сечата на глави спроти 125-годишнината од Солунскиот конгрес, како продолжување на традицијата да се упропастува Македонија и сè што води кон прогрес. Посолените глави на вмровските дејци кои ја предале револуционерната организација веќе му се дадени на увид на вождот да се […]

Владеење на правото


Александар Николоски Велат дека секогаш кризите се добар повод да се погледне назад, да се направи анализа и да се оди напред. Така е и за ВМРО-ДПМНЕ овој пат. Да се свртиме назад да видиме што се случувало, да направиме добра анализа и да одиме напред. ВМРО-ДПМНЕ во своите 27 години постоење имала неколку критични […]

Реприза 2002-2006


Роберт Несими Минатата недела Македонија направи уште еден голем исчекор на нејзиниот пат за ЕУ и НАТО. Вкупно 80 пратеници гласаа да започне процесот на уставни измени што се потребни за целосна имплементација на договорот со Грција, при што лесно може да се претпостави дека овие гласови ќе бидат тука и за гласање на самите […]