Заев: Сега е најважно обединувањето


Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас. Ова го напиша премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил. […]

ОБСЕ: Локалните избори поминаа мирно, но потребна е сеопфатна ревизија на изборниот процес


Локалните избори во Македонија, чиј прв круг се одржа вчера, поминаа мирно и со почитување на основните права, но има потреба од сеопфатни реформи, заклучи Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ. Таа ги следеше изборите со 165 набљудувачи од 29 земји, кои беа распоредени на 625 гласачки места во целата земја. […]

Независните влегоа во советите


На овие локални избори со независни советнички листи се настапуваше во 40 општини, односно во половина од општините во државата како и за советот на Градот Скопје. Засега, според Слободен печат, најубедлива победа е онаа на советничката листа „За наше Куманово“, предводена од Ивана Ѓорѓиевска, која освои 22,20 проценти од гласовите и изби на второ […]

Шилегов ги повикува неопределените на гласање во вториот круг


Успешен демократски ден и празник на демократијата, смета дека беше вчерашниот изборен ден, кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје Петре Шиелгов. – Во вториот изборен круг влегуваме изедначено – рече  Шилегов на денешната прва прес-конференција во кампањата за вториот круг од локалните избори. – Скопје мора да продолжи напред и јас силно верувам дека скопјани […]

ДУИ и Алијансата во втора пресметка за седум општини


ДУИ води во четири, а Алијансата во три општини, но ништо не може да биде заклучено со сигурност. Горка пилула за Алијансата во Тетово – стигна само до третото место во трката за градоначалник   Наспроти сите нејзини очекувања Алијансата за Албанците не освои ниту едно градоначалничко место во првиот круг на локалните избори. Таа […]

Герасимовски: Одиме на победа во вториот круг


Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата им се заблагодарува на сите граѓани од општина Центар која му ја дадоа поддршката и довербата во првиот круг на Локалните избори 2021 година.  „Им благодарам на сите коишто несебично се вложија во овие избори, да ме поддржат мене и мојот тим. Но, битката не е […]

Арсовска ги повика незадоволните да гласаат во вториот круг


Резултатот по првиот круг од локалните избори, според независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, подрржана од опзоциската ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека е време е да се среди градот и да живееме во град со којшто ќе се гордееме. – Денеска се покажа дека на скопјани им е преку глава од празни ветувања, дека на […]

Отворени предмети за кривични дела на изборите


 ОЈО Скопје оформи три предмети за сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето и тоа за „пукање со огнено оружје“, за „изнуда“ и за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Кавадарци отвори еден предмет за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Свети Николе еден предмет за „поткуп“, ОЈО Кочани седум предмети, меѓу кои за „поткуп“ […]

На страницата на ДИК почнаа да се појавуваат чудни и нелогични бројки


Дали во прашање е некаков софверски проблем или повторно упад како што беше на ланските парламентарни избори, но од пред еден час на веб-страницата на Државната изборна комисија почнаа да се појавуваат нелогични бројки.  Така, во делот за резултатите од гласањето за градоначалник на Скопје пишува дека се пребројани 11,82 отсто од избирачките места, а […]

Битола: Горан Милевски го има џокерот, каква цена ќе побара


Од изборите во 2017 година СДСМ загуби неверојатни 13.466 гласа. Имаше и многу неважечки ливчиња – 5,8 отсто. Познавачите претпоставуваат дека тие во најголем дел се од поддржувачите на актуелната градоначалничка Наташа Петровска   Анета Блажевска БИТОЛА – Едни слават, други не се предаваат. Вака некако со два збора може да се опише сликата за […]

(Во живо) Прес на Арсовска


Проследете ја прес-конференцијата на независниот кандидат за градоначалник на Скопје Данела Арсовска.  

Д-р Зафировски отпадна во Општина Карпош: Јакимовски и Весковски одат во втор круг


Во првиот изборен круг, кандидатот на СДСМ, Душко Весковски освои најмногу гласови и тој е главниот опонент на Јакимовски во второто изборно соочување. Д-р Оливер Зафировски за помалку од 300 гласа заостана  зад Стевче Јакимовски Во однос на составот на Советот на општината, најмногу советници ќе има СДСМ, а веднаш зад нив е ВМРО-ДПМНЕ. Во […]

Во најголемите градови ќе има втор круг на 31 октомври


Во најголем дел од поголемите општини во земјава ќе се одржи втор круг од локалните избори на 31 октомври. Државната изборна комисија (ДИК) веќе ги преброи гласовите и резултатите покажуваат дека во поголемите населени места има тесна разлика меѓу најголемите политички партии. Врз основа на преброени 100 отсто од гласовите во Битола, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ […]

Данела води пред Шилегов, победникот ќе се знае во вториот круг


Иден скопски градоначалник ќе се бира во втор круг што ќе се одржи на 31 октомври. Според досега преброените гласови  на Државната изборна комисија (ДИК), односно околу 80 отсто од нив, битката за Скопје ја водат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.Во трката за нов градоначалник на главниот град досегашниот Петре Шилегов, кој е кандидат на СДСМ за […]

За 39 гласа Таравари ќе оди во втор круг во Гостивар


Арбен Таравари од Алијансата има огромна разлика, но трката со Невзат Бејта не е завршена. Во Дебар, на кандидатот на Алијансата, Беким Поцеста, за победа во првиот круг му недостигаа 26 гласа   Многу прослави на победи ноќеска се покажаа преуранети, како онаа на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците во Гостивар. Таравари (актуелен градоначалник) […]

Избрани 32 градоначалници, ДИК уште брои


  Според интернет апликацијата на ДИК на која се прикажуваат резулатите од гласањето на вчерашните локални избори досега се избрани градоначалници во првиот круг во 32 општини и тоа: Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите; Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со освоени 53,21% од гласовите; […]

Во Охрид сепак ќе има втор круг


Ноќеска изгледаше дека неочекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот кандидат за градоначалник е дефинитивна, но резултатите на Државната узборна комисија покажуваат дека таму сепак ќе се оди во втор круг. Според пребрени 100 отсто од гласовите, Кирил Пецаков освоил 48,54 отсто од гласовите (14.380), а кандидатот на СДСМ, сегашниот градоначалник, Константин Георгиевски, 42,95 проценти […]

Локални избори: Партиите не ги чекаат официјалните резултати – сите се чувствуваат победници


Во очекување на официјалните резултати на Државната изборна комисија, најголемите политички партии ввеќе прогласија победа по првиот круг на Локалните избори што се одржаа вчера. Најмногу слави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ велат дека по завршување на вториот круг ќе имаат повеќе градоначалници од главниот политички конкурент, прославуваат и ДУИ и Алијанса на Албанците кои велат […]

Шанса за Центар: Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме


Групата избирачи „Шанса за Центар”, кои учествуваа со своја листа на кандидати за советници во Општина Центар, објавија дека според досега објавените резултати, ќе имаат тројца советници. „Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме. Во советот е моќта и ние ќе бидеме вашиот глас и вашата сила таму.“, објавија тие на […]