Шанса за Центар: Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме


Групата избирачи „Шанса за Центар”, кои учествуваа со своја листа на кандидати за советници во Општина Центар, објавија дека според досега објавените резултати, ќе имаат тројца советници.

„Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме. Во советот е моќта и ние ќе бидеме вашиот глас и вашата сила таму.“, објавија тие на нивната Фејсбук страница.
„Шанса за Центар прерасна во платформа која ќе се развива и станува посилна бидејќи ние сме обединети околу вредности, а не околу интереси. Сакаме да дадеме, а не да земеме! Продолжуваме заедно за промени во нашето општество“, порачаа од Групата избирачи „Шанса за Центар”. Листата на „Шанса за Центар“ ја предводи Јана Белчева-Андреевска