Заев е уверен дека СДСМ и коалицијата ќе имаат повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот на СДСМ Зоран Заев ги оцени вечерва локалните избори како демократски, фер, слободни и европски. Обраќајки се до јавноста тој рече дека „СДСМ и Коалицијата победуваат во прв круг или имаат сериозно водство и влез во втор круг пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини во земјава. „Најдоброто победува и води пред ВМРО-ДПМНЕ во […]

Костадин Костадинов прогласи победа во Струмица со над 4.000 гласови повеќе


Кандидатот за градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов, прогласи победа на локалните избори со над 4.000 гласови повеќе од против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Жан Дрвошанов од над 80 проценти обработени податоци. Испративме порака до сите како да се може да се води кампања  и да се победат избори со над 4 илјади  гласови разлика без […]

(Видео) Мицкоски: Денес се слуша гласот на промените


– Ова е победа на младите, старите, жените, атеистите, муслиманите, на буквално сите. Победи народот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција на партијата. Според него, ова е победа на хероите и денес се слуша гласот на промените. – Ова е и одговорност, нема да ве разочараваме и изневериме. Сѐ што кажав во кампањава […]

Во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус на излезност


Во Општина Центар Жупа во првиот круг од локалните избори не е избран нов градоначалник, бидејќи не е обезбеден потребниот цензус на излезност од една третина од вкупно запишаните гласачи во единствениот избирачки список, потврди за МИА, претседателот на ОИК, Неџип Илјаз. „Право на глас во оваа печалбарска општина имаа 7.317 а го остварија 25 […]

Во Куманово ќе има втор круг, Максим против Оливер


 Независниот кандидат за градоначалник од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, вечерва заедно со приврзаниците од градскиот плоштад најави дека влегува во вториот круг од локалните избори 2021. Тој кажа дека води пред останатите кандидати, според обработените податоци.   – Ние ја добивме најголемата поддршка од граѓаните на Куманово без разлика на нивната партиска припадност. […]

Николовски: СДСМ победува во Град Скопје


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, го повика ВМРО-ДПМНЕ да не шири лажна еуфорија, бидејќи изборите не се арена за навивање туку натпревар за обезбедување подобар живот на граѓаните. Притоа, Николовски објави дека кандидатот за градоначалник на СДСМ, Петре Шилегов, води во Скопје и дека очекуваат негова победа. Исто така, тој објави дека СДСМ победува  или […]

ДИК: Шилегов води пред Арсовска во Скопје


Според првичните бројки што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, во трката за градоначалник на Град Скопје води кандидатот на СДСМ Петре Шилегов, пред независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска. До 22:40 часот во системот на ДИК се обработени податоци од општините Сарај, Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода и Гази Баба, […]

СДСМ: Во Битола ќе има втор круг


Од СДСМ велат дека битката е изедначена и дека за избор на градоначалник во Битола ќе има втор круг.    „Во моментот имаме податоци за помалку од половина од изборачките места во Битола и според нив нашиот кандидат Христо Кондовски е изедначен со противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно во Битола ќе имаме втор круг кога Битола […]

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Битола


Во исчекување на официјалните податоци од ДИК, ОК на ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Битола. На вечерашната прес-конференција од вкупно 170 избирачки места и обработени 68 избирачки места во аналитичкиот центар на партијата, од партијата рекоа дека има разлика од 1.600 гласови во полза на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ. Односно 6.400 гласови за кандидатот на СДСМ, […]

Ахмети тврди дека водат во Тетово, Билал Касами дека победил


  На изборите се покажа демократска култура, а изборите се рефлексија на една држава и со тоа овој процес помина во најдобар можен ред и сакам да им честитам на сите учесници, кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети. -Сакам да им честитам на сите членови на ДУИ за оваа победа и тоа после онаа од […]

Шилегов води пред Арсовска според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека води во сите скопски општини


Во очекување на прес-конференцијата на Државната изборна комисија, која требаше да се одржи 21 часот, но се одложи на неодредено време, партиските штабови почнаа да излегуваат со првични неофицијални резултати за одредени општини. Од СДСМ брифираат дека победа во прв круг оствариле во Делчево, Валандово, Дојран, Крива Паланка… Од партијата велат дека убедливо водство со […]

Митко Јанчев во Кавадарци прогласи победа во прв круг


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јанчев прогласи победа во првиот круг во Општина Кавадарци. Тој вети дека ќе биде сработено и повеќе од ветеното. Според ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат е Јанчев, тој повторно ја добил довербата и освоил мандат од нови четири години. Според официјалните податоци од Државната изборна комисија, до 22 часот се преброени околу 10 отсто […]

Таравари слави: Народот во Гостивар ги победи бандите во гостиварско


Кандидатот за градоначалник на Гостивар од коалицијата Алијанса/Алтернатива, Арбен Таравари истакна дека победуваат со 3.000 гласови разлика. „Со 55 отсто од гласовите од изброени 100 отсто од записниците поминавме во прв круг. Се надевам дека ДУИ нема во ОИК да направи ујдурма. Инаку победуваме со 3000 гласови разлика, иако целиот државен апарат беше во Гоствар […]

Зелен хуман град освојува многу советнички места


Независната кандидатка за градоначалничка, Ана Петровска изрази незадоволство од спроведувањето на локалните избори. Таа потенцираше дека тоа го констатирале набљудувачите. Детали сподели Драгана Велковска, носителка на советничката листа од „Зелен хуман град“. Петровска, пак, смета дека процесот за трансформација на Скопје во Зелен хуман град е започнат. Таа вели дека премногу е рано за да […]

ДИК почна да објавува резултати


Државната изборна комисија почна да објавува резултати на својата веб-страница.  Како што најави претседателот Александар Даштевски, резултатите пристигнуваат директно од избирачките места.  Засега, малку се пребројаните гласови, но тие се менуваат во минута.  Најмногу пребројани гласови има во Центар Жупа, каде за кандидатот Аријан Ибраим има внесено 315 гласа, а за неговиот противкандидат Шаин Шаќир […]

СДСМ вели дека веќе имаат победа во четири општини


Од владејачката СДСМ велат дека според оние резултати што стигнале до нив веќе имаат сигурна победа во Валандово, Дојран, Крива Паланка и Лозово. Резултатите покажувале дека водството на нивните кандидати е убедливо во Струмица, Ресен, Бутел и Крушево и оттаму веруваат дека е можна победа уште во првиот круг.

ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ објавија победи во неколку општини


  Бујар Османи на прес-конференција објави дека ДУИ, во прв круг добиле градоначалник во општините Липково, Сарај и Пласница. Од партијата исто така објавија дека се блиску до победа во Боговиње и во Чаир. -Според прелиминарни резултати од досега изброените гласови, уште во првиот круг очекуваме победа на ДУИ во Сарај, Пласница, Липково. ДУИ има […]

МВР не забележа посериозни инциденти на изборниот ден


МВР нема забележано посериозни инциденти на денешниот ден на избори. Денес се пријавени 91 настан, бројка која е многу помала од претходните изборни циклуси, Најголемиот број од пријавените инциденти се во Скопје, Штип, Куманово , Велес и Тетово рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. -Помалку настани се забележани, како уништување на гласачки материјал, гласало […]