ДИК почна да објавува резултати


Фото: Б. Грданоски

Државната изборна комисија почна да објавува резултати на својата веб-страница. 

Како што најави претседателот Александар Даштевски, резултатите пристигнуваат директно од избирачките места. 

Засега, малку се пребројаните гласови, но тие се менуваат во минута. 

Најмногу пребројани гласови има во Центар Жупа, каде за кандидатот Аријан Ибраим има внесено 315 гласа, а за неговиот противкандидат Шаин Шаќир има објавено 98 гласа. Во оваа општина право на глас имаат 7.317 избирачи, а на гласање излегле 1.873 или 25, 6 отсто.

Резултатите погледнете ги ОВДЕ