СДСМ вели дека веќе имаат победа во четири општини


Фото: Б. Грданоски

Од владејачката СДСМ велат дека според оние резултати што стигнале до нив веќе имаат сигурна победа во Валандово, Дојран, Крива Паланка и Лозово. Резултатите покажувале дека водството на нивните кандидати е убедливо во Струмица, Ресен, Бутел и Крушево и оттаму веруваат дека е можна победа уште во првиот круг.