Костадин Костадинов прогласи победа во Струмица со над 4.000 гласови повеќе
Кандидатот за градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов, прогласи победа на локалните избори со над 4.000 гласови повеќе од против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Жан Дрвошанов од над 80 проценти обработени податоци.
Испративме порака до сите како да се може да се води кампања и да се победат избори со над 4 илјади гласови разлика без притоа да се спомне опозицијата, да се спомне противкандидатот бидејќи на крајот треба и на нив да им служиме.
Ќе бидам градоначалник и ќе бидеме советници на сите. Нашите врати ќе бидат отворени за сите. Ова е огромна поддршка која што значи и огромна одговорност, рече Костадинов.