СДСМ: Во Битола ќе има втор круг
Од СДСМ велат дека битката е изедначена и дека за избор на градоначалник во Битола ќе има втор круг.
„Во моментот имаме податоци за помалку од половина од изборачките места во Битола и според нив нашиот кандидат Христо Кондовски е изедначен со противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно во Битола ќе имаме втор круг кога Битола ќе го добие новиот градоначалник а тоа ќе биде Христо Кондовски. Што се однесува до распоредот во Советот, според нашите податоци таму ситуација е уште понејасна, односно уште понеизвесна трка“, рече Дејан Србиновски, портпарол на СДСМ Битола.