Во Охрид сепак ќе има втор круг


Фото: Б. Грданоски

Ноќеска изгледаше дека неочекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот кандидат за градоначалник е дефинитивна, но резултатите на Државната узборна комисија покажуваат дека таму сепак ќе се оди во втор круг. Според пребрени 100 отсто од гласовите, Кирил Пецаков освоил 48,54 отсто од гласовите (14.380), а кандидатот на СДСМ, сегашниот градоначалник, Константин Георгиевски, 42,95 проценти (12.460). на трето место е кандидатот на ТМРО, Гоце Цветковски со 1.376 гласа, или 4,64 отсто.

Во гласањето за Советот на општина, ВМРО-ДПМНЕ освои 36,09 проценти, СДСМ, 29,47, ДУИ – 7.93, а Левица 5,47 проценти.