На страницата на ДИК почнаа да се појавуваат чудни и нелогични бројки


Дали во прашање е некаков софверски проблем или повторно упад како што беше на ланските парламентарни избори, но од пред еден час на веб-страницата на Државната изборна комисија почнаа да се појавуваат нелогични бројки. 

Така, во делот за резултатите од гласањето за градоначалник на Скопје пишува дека се пребројани 11,82 отсто од избирачките места, а дека Петре Шилего освоил 69,16, а Данела Арсовска 74,72 отсто. Или во бројки – 147.972 и 159.586.

Нелогичности има и кај другите кандидати – секаде е енормно зголем бројот на добиените гласови, а неколку пати и процентот.