Камион удри во пешак на патот Струмица-Владевци


Утрово околу 02:40 часот товарно возило управувано од жител од Радовиш удрило во негов сограѓанин, В.В. (69) во селото Владевци. Веста ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска. -Незгодата се случила на магистралниот пат А4, Струмица-Радовиш, на делот кој поминува низ селото Владевци. Полицијата по налог на јавен обвинител изврши увид, додаде Рендевска. Повредениот радовишанец […]

Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка


 Едно лице почина, две се повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на Страцин, потврди СВР Куманово. Во сообраќајната несреќа која се случила во 9.40 часот учествувале две патнички моторни возила „фиат пунто“ со кумановски регистарски ознаки. Двете повредени лица се пренесени во Ургентен Центар во Скопје.

Штипјани претепани кај „Мавровка“


Во саботата,  во 13.16 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен со тешки телесни повреди од остар предмет Е.А.(25) од Штип. Според исказот на повредениот со повредите се здобил во близина на Трговскиот центар „Мавровка“ кога тој, неговата сопруга и неговиот брат биле нападнати од четири непознати […]

Полицискиот час не го почитувале 75 лица, 59 приведени


Во текот на изминатото деноноќие 75 лица на ниво на целата држава не ја почитувале забраната за движење, при што лишени од слобода се 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Од Министерството информираат дека изминативе 24 часа на територијата на државата, на […]

Скопјанец избоде охриѓанец


Во саботата се расправале двајца мажи од Скопје и од Охрид, при што еднит го избодел со нож другиот. Имено, во 17.40 часот било пријавено дека во Охрид на ул.„Кузман Капидан“ по претходна расправија Б.М.(40) од Скопје со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот на У.И.(37) од Охрид. У.И. се здобил […]

Самоубиство поради коронавирусот и поплаки од членови на семејството во првиот месец од пандемијата


Едно убиство и четири самоубиства бележи билтенот на полицијата откако почнаа рестриктивните мерки во државава поради коронавирусот. Еден случај од самоубиствата кој е регистриран во Штип е поврзан со Ковид-19. Лицето како причина за самоубиството во последната  порака ја посочило расправијата со сопругата околу коронавирусот. Во истиот период регистрирани се  и девет обиди за самоубиство за […]

Во Зоолошката градина во Скопје пронајдена експлозивна направа


Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера попладнево во кругот на Зоолошката градина во Скопје била пронајдена експлозивна направа. – На 01.05.2020 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека додека се вршелo ископ на земја во кругот на Зоолошката градина во Скопје, била пронајдена експлозивна направа. Известена била Единицата за антитероризам, а од […]

Рекорден број на луѓе кои го прекршиле полицискиот час во Тетово


Во изминатите 24 часа предвидени за контрола за постапување по здравствени прописи за време на епидемија согласно член 206 од Кривичниот законик, се откриени 14 лица кои на разни начини прекршиле полициски час и сличните прописи што претставува најголем број од почетокот на мерката на 22 март, информира денеска тетовската полиција. За сите ќе има […]

Повторно се испраќаат лажни покани за истрага на МВР


Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска до одредени граѓани и правни лица повторно, како пред десетина дена, од страна на сторител кој лажно се претставува во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. – Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а […]

Езерцето било негово! Нападнал дедо и внук, па носејќи ги во болница направил судар


  Во четвртокот, маж од СКопје пријавил дека неговит татко и син биле нападнати додека рекреатвно ловеле риба, од човек кој тврдел дека езерцето е негово. Имено, во 19.36 часот во Полициското одделение Мирковци И.А.(40) пријавил дека околу 13.30 часот додека неговиот татко С.А.(65) од село Кучевиште, заедно со неговиот 12-годишен син, на место викано […]

Убиство во Арачиново заради брачни недоразбирања


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривичните дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, информираат од ОЈО Скопје. Осомничениот, на 29 април, според Обвинителството во семејниот дом во селото Арачиново, при вршење семејно насилство, со умисла […]

По две ипол години затвор за насилниците од Штип


Судијката од Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова им пресуди по 2,6 години затвор на двајцата штипјани, кои брутално тепаа нивна сограѓанка. Тие претходно ја признаа вина и се извинија за чинот кој го направија. Настанот се случил пред во јануари годинава. Девојката беше натепана во влез на зграда во Штип. МВР веднаш по објавата […]

Полицискиот час не го почитувале 51 лице, 34 приведени


Во изминатото деноноќие 51 лице на ниво на цела држава не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 34 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира Министерството за внатрешни работи. Според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 72 лица им се издадени решенија за изолација, а 57 […]

Нова истрага за починатите мајка и син во Велес


Од обвинителот на Основното јавно обвинителство се добиени нови насоки за оперативни дејствија за расветлување на случајот со починатите мајка и син и припадниците на МВР постапуваат по нив, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски на денешната прес-конференција. Тој потсети за настанот кога на 6 април во нивниот стан на улицата „Ѓорѓи Војтех“ во […]

Кривичната пријава против кумановскиот градоначалник пристигнала во ОЈО Куманово


Кривичната пријава против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска пристигнала во Основното јавно обвинителство Куманово, потврдија од Јавното обвинителство на РСМ. Обвинителството ја распределило пријавата кај надлежен обвинител за понатамошно постапување. Оттаму додаваат дека обвинителството ќе преземе дејствија во насока на проверка на наводите од кривичната пријава. СВР Куманово ја поднесе кривичната пријава до Обвинителството по […]

Во време на полициски час пловеле со едрилици во Охридското Езеро


Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Струга. -Двајца обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Во одделни кривично правни […]

Избувна пожар во најголемиот објект во поранешната касарна во Струмица


Попладнево пред 17  часот избувна пожар во најголемиот објект од поранешната касарна во Струмица. Густиот чад може да се забележи од далеку, а досега пожарот целосно го изгоре покривот на објектот. Според граѓани, кои живеат во близина на поранешната касарна, пожарот избувнал пред 17:00 часот. -Слушнав сирени од противпожарните и полициските возила и кога излегов […]

Двајцата насилници ја признаа вината за навредите и тепањето на 21 годишната штипјанка


Двете момчиња кои навредуваа и тепаа 21 годишна девојка во влез на станбена зграда, а насилството го снимале на мобилниот телефон денеска пред судот изразиле каење и вина за стореното дело. Нивниот бранител, Валентин Зафиров по денешното судско рочиште во штипскиот Основен суд истакна дека имале фер судење, а очекува и фер пресуда. Неговите клиенти […]

Пијан татко ја претепал ќерката во Скопје


Една девојка и двајца мажи пријавиле дека биле натепани во изминатото деноноќие. Имено, во понеделникот, во 2.30 часот во СВР Скопје, С.Г.(22) од Скопје пријавила дека околу 1.50 часот во нејзиниот дом на ул.„Финска“ во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот татко С.Г., кој бил во алкохолизирана состојба. По документирање на случајот […]

Приведени 76 лица поради непочитување на забраната за движење


Осумдесет и осум лица не ја почитувале забраната за движење во текот на изминатото деноноќие за периодот 26 и 27 април, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 186 лица им […]