Пијан татко ја претепал ќерката во Скопје


Една девојка и двајца мажи пријавиле дека биле натепани во изминатото деноноќие.

Имено, во понеделникот, во 2.30 часот во СВР Скопје, С.Г.(22) од Скопје пријавила дека околу 1.50 часот во нејзиниот дом на ул.„Финска“ во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот татко С.Г., кој бил во алкохолизирана состојба. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во неделата пак, во 11 часот во СВР Скопје, А.Д.(53) од Скопје пријавил дека нешто пред полноќ, на патека на кеј на ул.„Беласица“ во Скопје бил физички нападнат од негов познаник А.Е.(30) од Скопје.

Истиот ден, околу 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на место викано „Ќупријан атар“ во село Батинци, скопско, К.М.(66) и И.М.(39), двајцата од село Батинци, по претходно недоразбирање, физички го нападнале А.А.(53) од село Јаболце, скопско.