Кичевец паднал од велосипед и починал


Вчера во 15.05 часот дежурен лекар од Медицински Центар Кичево пријавил во Полициска станица Кичево дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, во близина на село Беласица, се наоѓа безживотно тело на маж паднат од велосипед. На посоченото место починат бил пронајден В.Ѓ. (52) од Кичево. Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е […]

Се степале оти кучето влегувало во дворот


Во петокот, во 17.50 часот во Полициско одделение Групчин лицето И.М. (43) од село Добарце пријавил дека истиот ден тој и неговиот внук биле физички нападнати од страна на лицата А.А. и Ф.А. Имено околу 09,00 часот најпрво во неговиот двор влегло лицето Ф.А. кој побарал од неговиот внук Е.М. да си го чува врзано […]

Братот им го пресекол патот со автомобил, па им извадил пиштол


Во петокот, маж од Скопје пријавил дека на обиколница им се заканувале со пиштол. Имено, според билтенот на МВР, во петокот, во 16 часот во Единицата за известување и команда во Скопје, С. С. (43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13 часот додека заедно со неговиот брат И.С се движеле со неговото патничко […]

Приведени 23 лица кои не ја почитувале забраната за движење


Вкупно 29 лица во државата изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење. Од нив се приведени 23, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, по однос на обврската за носење лична заштита, во текот на изминатите 24 часа се опоменати девет лица. […]

Две жртви во сообраќајка на мотоцикли кај село Мрзенци


Попладнево во 13:20 часот во близина на гевгелиското село Мрзенци,на автопатот А1, се случила тешка сообраќајна незгода помеѓу два мотоцикли кои се движеле во правец од Смоквица кон Гевгелија. Во несреќата животот го изгубиле Ј.Ј. (22) од струмичкото село Добрејци и А.Ѓ.(35) од струмичкото село Робово, соопштија од СВР Струмица. Увид на местото на несреќата […]

Товарен воз кај велешка „Порцеланка“ удри во возило, тешко повредено 19-годишно момче


Товарниот воз, кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп, утрово во 06.40 часот на патниот премин кај влезот на поранешната фабрика за порцелан „Порцеланка“ кај  Велес, удрил во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 19 годишниот  А.Џ. од село Согле, од  Општина Чашка. Возачот, кој и самиот бил пожарникар, од приклештеното возило бил […]

Полицискиот час го прекршиле 33 лица, 25 приведени


Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 25 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките […]

Изгореа три трафики во центарот на Скопје


Во центарот на Скопје, во близина на хотелот „Холидеј Ин“, изгореа три трафики, во пожар, кој според првичните информации избувнал синоќа околу 4 часот по полноќ, јавува Макфакс. Причините за пожарот се уште не се познати, а материјалната штета допрва ќе се утврдува. Утрово на местото на настанот можеше да се забележи како се расчистува […]

Двајцата Штипјани што тепаа девојка може да добијат до 5 години затвор


 Почна судењето во Основниот суд во Штип за двајцата штипјани кои во јануари тепаa девојка во влез на станбена зграда. Двајцата се товарат за сторено кривично дело „насилство“ со што казната може да се движи од шест месеци до пет години затвор. Момчињата на возраст од 23 и 26 години утринава со комбе од Истражниот […]

Во магацин во Бутел запленети 1.240 кг марихуана


Во магацин во Бутел вечерва се запленети еден тон и 240 килограми марихуана во акција на Бирото за јавна безбедност во координација со Обвинителството во Кавадарци. За акцијата соопшти директорот на БЈБ, а ја потврди и дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи. -Успешна акција. Детално соопштение ќе биде објавено утре, напиша на Фејсбук  дополнителната заменик-министерка за […]

Ограбен маркет во полициски час во Скопје


Во неделата утрото било пријавено дека е ограбен маркет во Скопје, во сред полициски час. Како што стои во полициксиот билетн, во неделата, во 8.50 часот било пријавено дека во периодот 18/19.04.2020 на ул. „Кузман Шапкарев“ во Скопје непознати сторители извршиле тешка кражба во маркет. Имено лицата кривичното дело го извршиле на тој начин што […]

Граѓани добивале покани од полиција, МВР вели ние праќаме во хартиена форма


Лажни покани во врска со наводна тековна истрага се испратени до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на Министерството за внатрешни работи, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, информираат од МВР. – Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за […]

Си правеле семејна веселба во полициски час, а гостите им дошле со пушка и боксирач


Во неделата околу 1 часот во село Долно Соње, скопско, во куќа на ул.„12“. сопственост на П.К. (56) од Скопје, каде што претходно имало семејна веселба, дошле лицата М.М. (27) и С. Т (24), кои од страна на сопственикот биле поканети и по кусо време заминале. Но, набргу пак се вратиле при што С.Т. со […]

Најден мртов маж кај Шарена чешма во Прилеп


Во сабтата, во 5.45 часот во СВР Битола, било пријавено дека во Прилеп во близина на месноста викана „Шарена чешма“ на улица било забележано паднато машко лице. Полициски службеници излегле на местото на настанот и на ул.„Браќа Ламески“-Прилеп, пронашле безживотно машко тело, со видлива повреда на главата, за кое е утврдено дека е Р.Р(73) од […]

Убиство во Липково – приведен сторителот


Б.С (43) од село Липково е приведен откако по претходна вербална расправија, физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати го прободел Ј.С(43) од село Липково, по што Ј.С починал. Во Секторот за внатрешни работи во Куманово, синоќа околу 19.00 часот од страна на доктор од Јавната здравствена установа Куманово, било […]

Пронајден oхриѓанецот кој беше пријавен за киднапиран


Полициски службеници од СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР,  синоќа околу 22.10 часот, го пронајдоа Б.П.(33) од охридската населба Рача. Како што соопшти МВР, тој, на 16 април годинава во 13.05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати […]

Забраната за движење не ја почитувале 77 лица, 46 се приведени


Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, евидентирано е дека на ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Како што соопшти МВР, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 219 лица […]

Охриѓанец киднапиран од непознати лица, побаран откуп


Охриѓанец во полиција пријавил дека од страна на непознати лица со патничко возило „фолксваген голф“ вчера е грабнат неговиот брат 33-годишниот Б.П. од населба Рача. Како што соопшти МВР, во Секторот за внатрешни работи – Охрид случајот бил пријавен вчера во 13.05 часот од страна на братот на грабнатото лице И.П.(29). Притоа, тој добил порака […]

Уште 21 лице повикани на разговор во СВР Скопје за настанот во скопско Ченто


Во врска со настанот што се случи пред неколку дена во скопската населба Ченто досега од страна на СВР Скопје се поднесени кривични пријави за три лица, а дополнително од нивна страна е извршено идентификување и се повикани на разговор 21 лице кои учествувало во настанот и не ја почитувале мерката за забрана на движењето […]

Приведени 36 лица во полициски час


За изминатото деноноќие на 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација. Во текот на изминатото деноноќие според МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 56 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 36 лица, а […]