Приведени 36 лица во полициски час


Фото: Б. Грданоски

За изминатото деноноќие на 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие според МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 56 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 36 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.