Пронајден oхриѓанецот кој беше пријавен за киднапиран


Полициски службеници од СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР,  синоќа околу 22.10 часот, го пронајдоа Б.П.(33) од охридската населба Рача.

Како што соопшти МВР, тој, на 16 април годинава во 13.05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица, кои барале пари за негово ослободување.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело.