Си правеле семејна веселба во полициски час, а гостите им дошле со пушка и боксирач


Во неделата околу 1 часот во село Долно Соње, скопско, во куќа на ул.„12“. сопственост на П.К. (56) од Скопје, каде што претходно имало семејна веселба, дошле лицата М.М. (27) и С. Т (24), кои од страна на сопственикот биле поканети и по кусо време заминале.

Но, набргу пак се вратиле при што С.Т. со себе носел ловечка пушка, а пак М.М. носел боксирач.

Влегле во дворот на куќата при што М.М. го нападнал Б.К. (27) инаку син на сопственикот на куќата, а пак С.Т. испукал еден проектил во правец на неколку лица.

Во тој момент Н.К. ја фатил пушката што била во рацете на С.Т. по што вториот проектил бил испукан во воздух.

По ова М.М. и С.Т. го напуштиле местото на настанот.

Веднаш по известувањето на полицијата на местото на настанот се упатиле припадници на ЕБР и полициски службеници од полициската станица Кисела Вода, а лицата М.М. и С.Т. се пронајдени и приведени во станица за понатамошна постапка.

Се работи на целосно расчистување на случајот.