Во магацин во Бутел запленети 1.240 кг марихуана


Во магацин во Бутел вечерва се запленети еден тон и 240 килограми марихуана во акција на Бирото за јавна безбедност во координација со Обвинителството во Кавадарци. За акцијата соопшти директорот на БЈБ, а ја потврди и дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи.

-Успешна акција. Детално соопштение ќе биде објавено утре, напиша на Фејсбук  дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, споделувајќи објавена вест за акцијата за која претходно на Инстаграм соопшти директорот на БЈБ, Сашо Тасевски.

Приведено и едно лице поради недозволен трговија со дрога против кое ќе биде поднесена кривична пријава. При акцијата преку Одделот за криминалистичка полиција во координација и насоки со ОЈО – Кавадарци, пронајдени и одземени се 12 палети во кои имало еден тон и 240 килограми марихуана во пластични пакувања и вреќи.

Истрагата е во тек и, како што соопшти и Петровска на Фејсбук, детали ќе бидат соопштени утре.