Штипјани претепани кај „Мавровка“


Фото: Б. Грданоски

Во саботата,  во 13.16 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен со тешки телесни повреди од остар предмет Е.А.(25) од Штип.

Според исказот на повредениот со повредите се здобил во близина на Трговскиот центар „Мавровка“ кога тој, неговата сопруга и неговиот брат биле нападнати од четири непознати лица.

За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.