Езерцето било негово! Нападнал дедо и внук, па носејќи ги во болница направил судар


Илустрација

 

Во четвртокот, маж од СКопје пријавил дека неговит татко и син биле нападнати додека рекреатвно ловеле риба, од човек кој тврдел дека езерцето е негово.

Имено, во 19.36 часот во Полициското одделение Мирковци И.А.(40) пријавил дека околу 13.30 часот додека неговиот татко С.А.(65) од село Кучевиште, заедно со неговиот 12-годишен син, на место викано „Кучкарник“, на езерце во близина на рудник, рекреативно ловеле риби, дошол В.А.(48) од село Мирковци, кој се претставил како сопственик на езерцето.

По кратка вербална расправија, В.А. со тврд предмет го удрил С.А. во пределот на главата и откако забележал дека С.А. е повреден, ги зел двајцата во неговото возило и се упатил кон Мирковци, каде се судрил со возило „опел астра“ управувано од Г.Т.(51) од Скопје.

Потоа С.А., Г.Т., 12-годишникот и В.А. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар, на С.А. му биле констатирани тешки телесни повреди, а како последица на незгодата со телесни повреди се здобиле Г.Т., 12-годишникот и В.А.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.