Скопјанец избоде охриѓанец

Во саботата се расправале двајца мажи од Скопје и од Охрид, при што еднит го избодел со нож другиот.

Имено, во 17.40 часот било пријавено дека во Охрид на ул.„Кузман Капидан“ по претходна расправија Б.М.(40) од Скопје со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот на У.И.(37) од Охрид.

У.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош. Б.М. бил приведен во полициска станица, а пронајден бил и ножот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.