Тешко повреден косовски државјанин во сообраќајка во Чаир
Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Чаир тешко е повреден 55-годишен државјанин од Косово. Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 23:35 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Кемал Ататурк“, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од скопјанецот Н.А.(57), удрило во пешак […]