МВР трага по поранешниот претседател на Кривичниот суд Панчевски

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека на повеќе локации трагаат по поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски.

Имено, откако по судска наредба за приведување, полицијата не го пронашла Панчевски во неговиот дом и не бил лоциран, трага по него.

На Панчевски судот му одреди притвор откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.

Панчевски се товари дека во периодот од јануари 2013 година до септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.