Панчевски во притвор во Шутка, доброволно се пријавил

Поранешниот претседател на Кривичнит суд Скопје Владимир Панчевски, од денска напладне се наоѓа во КПУ Затвор Скопје познат како Шутка, потврди за МИА директорот на затворот Есад Рахиќ.

Панчевски денеска во 12 часот напладне самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан му била измерена температура, и откако е утврдено дека нема никакви симптоми на Ковид-19 е примен во притворското одделение.

Скопската полиција претходно во три наврати не успеа да го пронајде обвинетиот на неговата адреса, кому му беше одреден притор од Судот во Велес.

Панчевски е обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, а против него, како што соопшти вчера министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, била распишана потерница.

Судот во Велес во петокот му одреди притвор на поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, заради неприсуство на рочиштето за предметот АКМИС. На рочиштето не бил прусутен ниту неговиот бранител.