Панчевски во бегство, полицијата не го пронашла во неговиот дом?


Полицијата трага по Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, јавува Фокус.

За него е издаден налог за апсење, откако во текот на вчерашниот ден велешкиот суд му одреди мерка притвор, бидејќи не се појавувал на рочиштата за случајот “АКМИС”, во кој е обвинет.

Како што дознава “Фокус”, полицијата синоќа го барала во неговиот дом, но тој не бил таму. Денеска го бараат на повеќе локации, на кои би можел да престојува.

-МВР постапува по судска наредба за приведување на лицето В.П и во моментот кога ќе бидат создадени услови -ќе биде лоциран истиот ќе биде приведен, изјавија од МВР за “Фокус”.