Момче од Пакистан најдено мртво кај Куманово


Дваесет и двегодишен маж од Пакистан бил пронајден починат од патрола на Црвениот крст, на местото викано Врело во Куманово.

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на погребална служба за понатамошна постапка.