Седумгодишно дете се оддалечило од Домот за деца во Кавадарци


Седумгодишно дете се оддалечило од Домот за деца во Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. За ова синоќа во 22 часот,  во ОВР Кавадарци пријавила вработена во Центарот за социјални работи Кавадарци. Се работи на пронаоѓање на детето

Уапсени лицата кои вчера пукаа на Матка


Полициски службеници од СВР Скопје вчера во скопските села Глумово и Рашче ги лишиле од слобода С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од Глумово и К.В.(24) од Рашче поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. Како што информира МВР,  С.С.(31) од село Глумово вчера во 20:20 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 15:00 …

Уапсени лицата кои вчера пукаа на Матка Read More »

Во изолација нови 57 лица, решенија за самоизолација потпишале 13 лица


Нови 57 лица во изминатото деноноќие добиле решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи. Оттаму наведуваат дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација. По однос на …

Во изолација нови 57 лица, решенија за самоизолација потпишале 13 лица Read More »

Пукање на Матка – нема повредени


Денеска попладнето на Матка по расправија меѓу неколкумина дошло и до пукање од огнено оружје.Според МВР, во 14.54 часот во  Kањонот Матка, М. С. со уште неколку лица физички ги нападнале А.С. и А.С. при што употребиле и огнено оружје. Расправијата настанала во врска движењето на чамците за туристи во правец кон пештерата. Повредени нема …

Пукање на Матка – нема повредени Read More »

Кичевчанец тешко повреден во сообраќајка со велосипеди


На регионалниот пат Кичево – Демир Хисар во близина на селото Пополжани, вчера во 12:45 часот се случила собраќајна незгода во која О.Н. (55) од Кичево се здобил со тешки телесни повреди и со медицинско возило е префрлен во Општата болница во Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Тој, управувајќи велосипед марка „Каприоло“, …

Кичевчанец тешко повреден во сообраќајка со велосипеди Read More »

Од Германија се заканувал на функционер во Македонија


 Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Б.П.(32) од Скопје, кој работи во Р.Германија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавениот, како што соопштуваат од МВР, по пат на информатички систем, на 6 мај 2020 година до …

Од Германија се заканувал на функционер во Македонија Read More »

Јанева: Со Бојан Јовановски не разговаравме за СЈО, туку за модата и љубовта


Судот, на барање од одбраната, ја исклучи јавноста во делот од судењето каде Катица Јанева сведочи за доверливи информации за предметот „Рекет“ во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување. Претходно, Јанева рече дека со Бојан Јовановски најпрво неколку пати разговарале за гостување во емисиите на ТВ1. Освен официјалните средби, со Бојан …

Јанева: Со Бојан Јовановски не разговаравме за СЈО, туку за модата и љубовта Read More »

Катица Јанева денеска дава исказ за „Рекет“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет“ во кој исказ треба да даде обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева. На вчерашното рочиште за предметот исказ даваше обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „Рекет“ ги обвини Боки …

Катица Јанева денеска дава исказ за „Рекет“ Read More »

Изгоре објект со живина во кавадаречко Сопот


Изгоре објект со кокошки, пилиња, жито и пластични гајби во пожар кој утринава околу пет часот избувнал во кавадаречко Сопот. Сопственикот, во изјава за МИА рече дека пожарот настанал од сијалицата која горела заради затоплување на малите пилиња. – Имаше опасност пожарот да се прошири и на куќата и околните објекти. Среќа што пожарникарите дојдоа  …

Изгоре објект со живина во кавадаречко Сопот Read More »

Русковска: Апсолутно не верувам во тоа што го изјави денеска Бојан Јовановски


Бојан Јовановски изнесе многу работи за кои нема никаков доказ и никакви аргументи така што апсолутно не верувам во тоа што го изјави денеска, рече обвинителката Вилма Русковска, одговарајќи на новинарско прашање по денешното рочиште за „Рекет“, отфрлајќи ги како невистинити и обвинувањата изнесени од – Боки 13 дека таа наводно давала информации за истраги. …

Русковска: Апсолутно не верувам во тоа што го изјави денеска Бојан Јовановски Read More »

Пукал во куче, го погодил братучедот во глава


Во средата, околу 15 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека од куќа на ул.„Беровска“ во Прилеп, во сопственост на С.А.(23), со воздушна пушка „норика“ кал.4,5мм, сопственост на А.З. од Прилеп, која ја поседувал со дозвола, С.А. пукал кон куче скитник во неговата бавча, но го погодил неговиот братучед Н.А.(47) во пределот на главата. …

Пукал во куче, го погодил братучедот во глава Read More »

Јовановски: Ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел пари


Категорично тврдам дека ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел некакви парични средства. Јас видов затворена торба што Зоран Милевски ја зема со леснотија, изјави денеска во судот Бојан Јовановски – Боки 13, каде сведочи за предметот „Рекет“ во кој е првообвинет. – Тврдат дека таму имало милион евра по апоени од 50 што …

Јовановски: Ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел пари Read More »

Боки 13: Не знаев дека ќе се отвори предмет „Империја“


Дека постои предмет „Империја“ дознав дента кога на сопствената телевизија одекна како вест дека СЈО отворило истрага против Орце Камчев, изјави денеска во судот Бојан Јовановски – Боки 13, каде сведочи за предметот „Рекет“ во кој е првообвинет. – Категорично тврдам дека не сум знаел дека ќе се отвори предмет „Империја“. Сега знам дека целта …

Боки 13: Не знаев дека ќе се отвори предмет „Империја“ Read More »

Боки 13: Јанева е најчесниот човек


Предметот „Рекет“ е направен да се спаси Јордан Камчев, да се урне СЈО и Катица Јанева бидејќи им сметаше на власта и на опозицијата, рече Боки Јовановски на денешното рочиште на случајот „Рекет“, пренесува „24инфо“. -За мене Катица е исклучително чесен човек, на кој јас како цивил како би можел да и кажувам што да …

Боки 13: Јанева е најчесниот човек Read More »

На Катица Јанева ѝ се слоши додека Боки 13 се бранеше


На дешното рочиште за случајот „Рекет” и се слоши на обвинетата Катица Јанева, а додека обвинетиот Бојан Јовановски даваше одбрана, објави Фокус. Судијата Васка Николовска даде пауза од 15 минути. Претходно Боки 13 истакна дека „Рекет” е направен за спас на бизнисменот Орце Камчев од случајот “Империја” и за рушење на СЈО и Катица Јанева. …

На Катица Јанева ѝ се слоши додека Боки 13 се бранеше Read More »

Со „бе-ем-ве“ удрил во бетонски ѕид, друг прегазил пешак


Во билтенот на МВР регистрирани се две сообраќајни незгоди што се случиле во средата при што во едната повреден е возачот, а во другата пешак. Околу 18 часот во средата било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ на мостот над локалниот пат кој ги поврзува село Бојане со село Ласкарци, патничко моторно возило “БМВ“ со …

Со „бе-ем-ве“ удрил во бетонски ѕид, друг прегазил пешак Read More »

Четириесет лица не го почитувале полицискиот час, на 70 им се издадени решенија за изолација поради Ковид-19


Во изминатите 24 часа на ниво на целата држава 40 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 29 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти полицијата. Во истиот период на територијата на Република Северна Македонија на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 …

Четириесет лица не го почитувале полицискиот час, на 70 им се издадени решенија за изолација поради Ковид-19 Read More »

Доживотен затвор за обвинетата од Дебар која ги уби родителите и малолетната сестра


Доживотна казна затвор доби обвинетата Б.П. од Дебар која на 26 август 2018 година во семејната куќа ги уби родителите и малолетната сестра. Пресудата ја донесе Основниот суд во Гостивар, а Б.П. е осудена на доживотен затвор за три кривични дела – убиства. Еден од обвинетите кој ѝ помагал на обвинетата е осуден на 10 …

Доживотен затвор за обвинетата од Дебар која ги уби родителите и малолетната сестра Read More »

Полицискиот час не го почитувале 55 луѓе, 42 се приведени


Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата  држава  55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци  за изминатото …

Полицискиот час не го почитувале 55 луѓе, 42 се приведени Read More »

Орото на прилепчани за полицискиот час ќе ги чини 30.000 евра


За играње оро во полициски час, ОЈО Гевгелија побара 30.000 евра казна за 30 играорци од Прилеп и 13.000 евра за лица кои се движеле пеш или со возила со што не ја почитувале забраната за движење. Јавното обвинителство информираше дека 30 лица се обвинети затоа што на 19 април 2020 година, за време кога …

Орото на прилепчани за полицискиот час ќе ги чини 30.000 евра Read More »