Скопјанец нападнал полицајци кои го легитимирале за неносење маска


Фото: Б. Грданоски

Дваесет и едногодишниот Е.А. од Скопје синоќа бил приведен од полициски службеници од СВР Скопје, бидејќи при обид за негово легитимирање не носел заштитна маска, го навредувал и физички го нападнал полицискиот службеник.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил синоќа околу 22.30 часот во близина на училиште на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје.

По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.