Со 43 мигранти во возилото удрил во бетонски столб на наплатна рампа, па избегал


 

Во петокот, во 7.50 часот на автопатот Куманово – Скопје, на наплатна станица Миладиновци, товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од за сега непознат возач, удрило во бетонски столб на една од кабините. По незгодата, возачот побегнал од местото,а при преглед во возилото, во товарниот дел биле пронајдени 43 лица мигранти од кои 13 од Бангладеш, 11 од Пакистан, 10 од Сирија, пет од Авганистан и четири од Турција.

Во незгодата, едно лице се здобило со телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.