ОЈО отвори предмет по допрен глас за организирана забава во угостителски објект во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас против угостителски објект во Прилеп, кој во вечерните часови на 18 јули годинава организирал забава на која биле присутни поголем број посетители, спротивно на законските прописи и мерки за заштита во услови на прогласена пандемија од Ковид-19.

– Постапувајќи по оформениот предмет, надлежното обвинителство издаде наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност, како и за обезбедување докази, информираат од ОЈО.

Од ОЈО информираат дека правното лице и одговорно лице физичко лице во правниот субјект се сомничат дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи од член 206 од Кривичниот законик.